Турско кафе со кокосов шеќер и морско оревче

За добар почеток на продолжениот викенд, совршен рецепт и за оние што постат!

Турско кафе со кокос и морско оревче

Потребни состојки:
  • 1-2 лажици турско кафе
  • 230-290 милилитри изворска вода
  • 1 лажица кокосов шеќер
  • Прстофат морско оревче во прав
  • 1 лажица екстракт од ванила (по желба)
Начин на подготовка:

Ставете ја водата во ѓезве и додајте ги кафето, шеќерот и ванилата. Варете на тивко сè додека не се појави пена на врвот. Кога тоа ќе се случи, тргнете го ѓезвето од оган и сипете го во шолја. Попрскајте со морското оревче и вашето кафе е спремно за сервирање. Уживајте!