Попладневно смуди за борба против дремката

Природно зголемување на енергијата

Попладневно смуди за борба против дремката

Потребни состојки:
  • 500 милилитри незасладено бадемово млеко
  • 2 лажици бадемов путер
  • 6 сливи
  • 1 лажица цимет
  • 1 мала зрела банана
Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки одеднаш во блендер и матете додека не добиете хомогена смеса. Сипете ја смесата во 2 стаклени шишиња или тегли и ставете ја во фрижидер да се олади. Може да трае до 2 дена во фрижидер.