Еко-дом
Како би сакале вашиот дом да биде трансформиран во прекрасен внатрешен зелен лавиринт? Гринворкс е Шведска компанија со необичен профил: тие создаваат уникатен прилагоден простор со зелени ѕидови. Од мобилни растителни панели сè до врамени екрани со светлосни ефекти, оваа идеја може значително да го промени и освежи вашиот простор.
Компанијата ги обезбедува сите услови за грижа на растенијата: водоснабдување, исхрана, чистење и пресадување со гаранција дека вашите ѕидови ќе бидат секогаш уредни, а просторот здрав за живеење. Ова би било одлично решение за деловна зграда, зар не?
Кои се предностите ако имате вакви зелени ѕидови? Воздухот во просторијата ќе биде почист и повлажен, ќе има испарување и звукот ќе биде пригушен. За естетскиот момент не треба ни да коментираме. Вие и вашите пријатели со задоволство ќе уживате во својата кафе пауза меѓу овие живи и зелени ѕидови.







———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
