Магична комбинација: Со две лажички во утринското кафе до витка линија

Утринското кафе е ритуал без кој повеќето луѓе не можат да го замислат почетокот на денот. Доколку и вие сте љубител на кафе, веројатно ќе сакате да го пробате овој едноставен рецепт, за кои велат дека има магично дејство.

(1) Магична смеса: Со две лажички во утринското кафе до витка линија

Станува збор за додаток што ќе го направи вашето кафе повкусно, а истовремено и ќе ви помогне да ги изгубите вишокот килограми.

Потребни состојки:
  • 170 милилитри кокосово масло
  • 170 грама мед
  • 1 кафена лажичка цимет
  • 1 кафена лажичка какао (по желба)
Начин на подготовка:

Сипете ги сите состојки во еден сад и мешајте додека убаво не се соединат. Потоа добиената смеса префрлете ја во стаклена тегла или сад со капак.

Наутро, додавајте по 1 до 2 лажички од смесата во кафето што сте го подготвиле, додека тоа е сè уште жешко. Промешајте околу 5 секунди и потоа можете да уживате. Оваа смеса ќе го поттикне вашиот метаболизам и со тоа ќе ви помогне во губењето на вишокот килограми. Исто така, ќе го збогати вашето кафе со неверојатен вкус.