Близнаци и рак – љубовна комбинација
Близнаците и ракот заедно создаваат љубопитна врска. Чувствителниот, емотивен рак има тешкотија јасно да комуницира, но јасната комуникација, пак, е токму она што го одликува близнакот. Кавалерската природа на близнакот, во комбинација со дарбата за елоквентно и убедувачко зборување, може да го охрабри ракот да излезе надвор од својата школка побрзо од вообичаено. Ракот, пак, може да му возврати на близнакот на тој начин што ќе го научи да забави малку и да ужива во животот, за што динамичните близнаци ретко имаат време. Ако близнаците го игнорираат ракот или не му ја обезбедуваат сигурноста и интимноста која му е нему потребна, може да настане проблем. Овие два знака му приоѓаат на светот на различни начини, па затоа мора да научат да си ги прифаќаат разликите.
Ракот е знак на домот и срцето, додека близнаците се мислители. Тие лесно можат да ја преземат улогата на витез во сјаен оклоп кој ќе го чува ракот, додека овој може да возврати покажувајќи голема грижа да ги заштити оние кои ги сака. На ракот многу му е важен животот во домот, па затоа ќе ги размазува близнаците со готвење од срце, мека постела и материјална удобност. Ракот е јако интуитивен и успева да оствари скоро духовна конекција со саканите, но тој има тенденција да биде посесивен и да го идеализира својот партнер-близнак. Доколку близнаците јасно му дадат до знаење на ракот дека тој е сакан и почитуван, тогаш сè во врската ќе оди како подмачкано.
Близнаците се водени од планетата Меркур (комуникација), а ракот од Месечината (емоции). Ракот обично ги потиснува чувствата длабоко во себе и тешко му е да ги покажува. Тој му завидува на близнакот за неговата способност да се отвори и јасно да се изрази. Близнаците можат да имаат корист од интуитивниот пристап на ракот. За разлика од брзоплетоста на близнакот, ракот е посталожен и може да го поттикне својот партнер да ја намали брзината со која поминува низ различните нешта во животот и да ги доживува поцелосно, пред да се истрча да го направи следниот чекор.
Близнаците се воздушен знак, а ракот е воден. Ако овие два партнери успеат да функционираат како пар, може да бидат одличен тим, со оглед на тоа дека најдобрите одлуки се донесуваат комбинирајќи ги умот и емоциите. Проблем во оваа врска е да се научи да се соработува со другиот. Партнерите имаат многу различни погледи на светот, што некогаш може да делува дека немаат ништо заедничко. Длабокиот, емотивен рак може некогаш да го „разводнува“ ентузијазмот на „сувиот“ близнак, а лесниот близнак со брз ритам на живот може да го вознемири ракот, па дури и да го уништи во духовна смисла. Но, баланс може да се постигне, и тоа доколку двајцата партнери научат отворено да комуницираат меѓу себе.
Близнаците се флексибилни и сакаат да се препуштат на работите додека некој друг ги води во животот. Ракот е иницијатор и сака да го овозможи таквото водство за својот љубен близнак. И близнаците можат да се обидуваат да бидат водачи и да покажат храброст, дури и спротивставување, но за да течат работите мазно и мирно, двајцата партнери треба да знаат кога да се повлечат назад и да му овозможат на другиот да ја води врската.
Најдобриот аспект од оваа љубовна врска е можноста да се издигнат заедно до големи височини, штом претходно ќе сфатат дека се сродни души. Близнаците секогаш размислуваат однапред за работите, а ракот ги поддржува неговите идеи „зад сцената“. Овозможувајќи му го она што на другиот му е потребно, партнерите ја прават оваа врска сосема исполнувачка.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
