Кафе со апсинт за одличен крај на работната недела

Опуштете се по тешката недела и дочекајте го викендот со голема енергија!

Кафе со апсинт за одличен крај на работната недела

Потребни состојки:
  • 60 милилитри свежо подготвено кафе, топло
  • 30 милилитри апсинт
  • 30 милилитри вотка
  • 30 милилитри шлаг пена
Начин на подготовка:

Сипете ги сите состојки во чаша, едно по едно како што се наредени погоре. Завршете со шлаг пената, и по желба можете да го збогатите вкусот со прстофат цимет. Имајте убав викенд!