11 бесплатни начини да се чувствувате убаво
Убавината е бизнис, што значи дека ако продолжиме да ги полниме нашите тоалети со лосиони, креми и останати продукти за убавина, ќе трошиме сè повеќе и повеќе пари. Но, додека купувате кармин или маскара, важно е да се потсетите дека често нештата кои ве прават да се чувствувате најубаво не можат да се купат со пари. Еден корисен совет вели дека најважното нешто за да бидете убави, е да спиете по осум часа во денот. Оваа навика го менува вашиот изглед и начинот на размислување, а тоа го потврдува и модерната наука.

Едно неодамнешно истражување кое било направено во Велика Британија го тестирало недостатокот од спиење на група од 30 жени. Нивната кожа била анализирана и фотографирана откако прво спиеле по 8 часа, 5 вечери со ред, а потоа истите анализи откако спиеле само по 6 часа. Се покажало дека брчките на лицето се зголемуваат за дури 45 проценти, флеките за 13 проценти, а црвенилото за 8 проценти, кога жените спиеле по 6 часа во текот на ноќта. Со други зборови, ова значи дека недостатокот од спиење го носиме на нашите лица.
Но, спиењето не е единственото решение за беспрекорен изглед. Еве уште 11 бесплатни начини како да изгледате убаво.
1. Јавете ѝ се на вашата мајка или на вашиот најдобар пријател и споделете ги животните радости со нив

2. Дотерајте се за вообичаен ручек или вечера во ресторан

3. Секое утро танцувајте пред огледалото

4. Смејте се колку што можете почесто

5. Носете ја вашата коса онака како што вообичаено ја носите само за специјални прилики

6. Направете добро дело без причина

7. Излезете на прошетка и уживајте во убавините на природата

8. Дајте си комплимент или напишете си сами љубовна порака

9. Гледајте филм што ќе ве насмее

10. Направете неколку селфи фотографии кои не мора да ги споделите на социјалните мрежи

11. Секогаш носете ја вашата најдобра долна облека






























