Не фрлајте го сунѓерот, со овој едноставен трик тој ќе биде повторно чист!

Не фрлајте го сунѓерот, со овој едноставен трик тој ќе биде повторно чист!

Кујнските сунѓери се полни со опасни бактерии, а нивното чистење со средство за миење садови и топла вода не е доволно за овие штетници да се уништат, туку тие и понатаму остануваат да се размножуваат.

Доколку верувате дека после миењето садови вашиот сунѓер останал чист, тогаш сте во голема заблуда. Филип Тиерно, микробиолог и патолог од Њујорк, предупредува дека сунѓерите за садови всушност се многу нечисти и опасни по здравјето, затоа што во себе содржат ситни остатоци од храна којашто се наоѓала на садовите. Тоа води кон размножување на бактериите во сунѓерот, што е совршено место за нив – таму имаат доволно храна, топло е и влажно, токму онака како што тие сакаат.

Затоа кујнските сунѓери се полни со бактерии како што се салмонела, ешерихија, листерија и други бактерии коишто може да предизвикаат цревни и кожни инфекции, кои може да бидат и посериозни. Тиерно вели дека не е доволно сунѓерите да се мијат само со топла вода и со средство за миење садови. Но, постои начин којшто ви гарантира дека ќе се ослободите од бактериите коишто живеат на вашиот сунѓер.

Трик за дезинфекција

За ова ви треба избелувач и вода, во размер 1:9. Потопете го сунѓерот во овој раствор и извадете го после 10 до 30 секунди (не заборавајте да ставите ракавици), па потоа исперете го со млаз вода. Дезинфицирајте го сунѓерот на овој начин, посебно ако сте чистеле површини на коишто сте готвеле месо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар