Колач од стар леб за оние на кои денес не им се излегува од дома

Фин десерт кој можете да го направите од стар леб и состојки кои сигурно веќе ги имате во вашата кујна

Колач од стар леб за оние на кои денес не им се излегува од дома

Потребни состојки:
  • 6 парчиња леб кој е стар 1 или 2 дена
  • 2 лажици стопен путер
  • 50 грама суво грозје
  • 4 јајца
  • 400 милилитри млеко
  • 100 грама шеќер
  • 1 лажичка мелен цимет
  • 1 лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 175 степени. Искршете го лебот на мали парчиња и ставете ги во сад за печење. Преку нив прелијте го стопениот путер и ставете го грозјето. Во сад со средна големина измешајте ги јајцата, млекото, шеќерот, циметот и ванилата. Мешајте сè додека сите состојки не се спојат. Прелијте ја смесата над лебот и со помош на виљушка притиснете го лебот надолу, со цел целосно да биде прекриен со смесата. Печете околу 45 минути.

Дополнителен совет:

Овој колач може да се испече и во индивидуални керамички садови за суфле, кои ќе ви го олеснат служењето. Можете да декорирате со свежо овошје.