Запознајте го овенот однадвор и однатре

Запознајте го овенот однадвор и однатре

Овните во младоста

Повеќето овни кога се деца, се многу директни за она што им се допаѓа и она што не им се допаѓа. Тие се невообичаено многу решителни деца, кои секогаш настојуваат да си ги тераат работите по нивно. Нив едноставно не можете да им кажете „не“, или да се обидете да ги наговорите на нешто и да ги придобиете да размислуваат како вас. Исто така, погрешен чекор на родителите на овенот, би бил да го споредуваат со други послушни и примерни деца.

Овните додека се деца, најдобро реагираат кога имаат некаков предизвик пред себе. Кажете им дека многу се бавни во средувањето на нивните играчки или дека не е нивна вина што не можат да постигнат доволно добар резултат во нешто и младите овни веднаш ќе тргнат во акција, да докажат дека се многу подобари отколку што сите други мислат, па дури и по цена да прават работи кои не ги сакаат.

Запознајте го овенот однадвор и однатре

Како млади, овните се големи авантуристи, љубопитни да искусат многу нешта, да прифатат предизвици, да решаваат проблеми и да бидат победници во секоја ситуација. Пред сè, овните сакаат да знаат дека некој ги сака и ја вреднува нивната личност. Искрени прегратки и успокојувачки зборови, му се добредојдени на овенот, особено после некоја емоционална бура, без разлика што нивниот лик и понатаму однадвор делува самоуверено и храбро.

Запознајте го овенот однадвор и однатре

Надворешен и внатрешен изглед на овните

Овните, обично се многу свесни за нивниот физички изглед. Тие најчесто имаат витка става и убаво атлетско тело. Бојата на нивните очи е најчесто маслинеста, зелена или кафена, а погледот им е јасен, сигурен, продорен и остар. Според астрологијата, луѓето со хороскопски знак овен се самоуверени, страсни и силни борци. Нивниот физички изглед асоцира на еден цврст победнички карактер. Повеќето овни се атрактивни луѓе, особено во лицето, кое е најубав дел од нивното тело. Нивната коса е најчесто здрава, цврста, сјајна и благо накадрена.

Физичкиот изглед на машките овни

Машките претставници на овој хороскопски знак се или ниски или високи. Повеќето овни имаат снажно тело, широки рамена и добри пропорции. Бојата на нивната коса обично варира од песочна кон нијанси на кафена, имаат убав тен, а на нивното лице се истакнуваат широки пори. Формата на главата им е најчесто долгнавеста, а челото им е испакнато. Многу е вообичаено да видите лузна на лицето на некој овен. Машките овни се одлични за водење бизнис и можат да бидат успешни во сите стопански дејности.

Запознајте го овенот однадвор и однатре

Типичниот маж со хороскопски знак овен има силно тело, поседува огромна енергија во себе, е исклучително сексуално привлечен, се движи аристократски, а се облекува во согласност со моменталниот предизвик.

Карактерни особини на машките овни

  • Тој поседува жесток компетитивен дух.
  • Искрен е.
  • Изгледа многу самоуверено.
  • Презема иницијативи, кои очекува другите луѓе да ги следат.
  • Има многу јасни зацртани цели.
  • Го качува неговиот љубовен партнер на пиедестал.
  • Мора да победи
  • Го користи својот мозок, досетливост и остроумност за да го добие она што го сака.

Физички изглед на женските овни

Женските овни најчесто имаат средна висина и мускулесто тело. Тие, исто како и машките претставници на овој знак, имаат широки рамена. Права реткост е женско со хороскопски знак овен да биде ниско и полничко во конструкција. Имаат убава линија на лицето околу вилицата и истакнати јаболчници (класични линии на лице кои ги поседуваат моделите). Женските овни се најчесто привлечни знаци, имаат убава кожа и тен, блескава и здрава коса, страстен поглед и истакнати дебели веѓи.

Запознајте го овенот однадвор и однатре

Овие жени се многу активни и зрачат со енергија. Тие имаат тенденција секогаш да носат софистицирани бои на себе и скап парфем. Се облекуваат во облека која е најсоодветна на моменталната пригода.

Карактерни особини на женските овни

  • Таа секогаш го гледа соговорникот право во очи и цврсто се ракува.
  • Таа е оптимистична и ентузијастична по природа.
  • Има тенденција да му одвраќа на соговорникот, поради што најчесто завршува емотивно повредена.
  • Од луѓето очекува лојалност.
  • Бестрашна е.
  • Директна, отворена и искрена особа.
  • Способна е да направи чуда.
  • Очекува да победи во секоја ситуација.
  • Ја интересира надворешниот свет или има добра кариера.
  • Умее да ги надмине тешкотиите од детството многу брзо и лесно.

Што сакаат овните?

  • Да бидат сакани.
  • Да победи најдобриот.
  • Да имаат уникатни регистарски таблички на автомобилот.
  • Да имаат доволно пари за трошење.
  • Сакаат персонализирани подароци, завиткани во интригантна украсна хартија.
  • Црвени рози, нова облека, книги, бисери и скапоцени камења.

Запознајте го овенот однадвор и однатре

Што мразат овните?

  • Да не бидат на прво место во некоја ситуација.
  • Да чувствуваат глад.
  • Стари работи купени од „second hand“.
  • Да треба да чекаат за нешто да се случи.
  • Да се влечкаат после јадење оброк.
  • Не го сакаат секој оној кој е подобар од нив.
  • Да бидат игнорирани.

Запознајте го овенот однадвор и однатре

Овните во љубовта…

  • Се многу романтични и веруваат во жестока и страсна љубов.
  • Инсистираат да го „бркаат“ оној кој им се допаѓа и нема да дозволат вие да ги освојувате нив.
  • Знаат да бидат екстремно посесивни кон нивниот партнер, но не би можеле да го разберат доколку и тој е посесивен.
  • Љубоморни  се на секое внимание кое нивниот љубовен партнер го посветува на другите луѓе.
  • Ќе го бранат и заштитуваат нивниот партнер до смрт.
  • Очекуваат 100% верност од нивниот партнер.
  • Нивниот љубовен партнер мора да одговори на прашањето дали нивната љубов ја смета за најдобра на светот.

Запознајте го овенот однадвор и однатре

  • Не сакаат да бидат критикувани од страна на нивниот партнер.
  • Сакаат да бидат исклучително љубени.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.