Претходно
Ледени колачиња и крем: Совршено летно освежување
Доколку сте расположени за едноставен леден рецепт кој истовремено и ќе ве заблажи и ќе ве олади во најтоплите летни денови, тогаш погледнете го овој. Сè што ви е потребно е млеко и Орео колачиња и за само неколку минути рецептот ќе биде подготвен. Погледнете…
Ако не сте љубители на Орео, можете да искористите кои било друго колачиња под услов лесно да се кршат.

Најпрво, искршете ги колачињата на мали парчиња.
Потоа поставете ги на дното од сад за лед, полнејќи го секој дел до половина.

Врз нив ставете млеко, полнејќи ги деловите за лед до врв.

И потоа ставете ги во замрзнувач на околу 3 часа.

Добиените ледени коцки можат да бидат додадени во ледено кафе.

Или пак, во кој било друг леден пијалак.































