Претходно
11 причини зошто настинката е најлоша за време на летото
Доколку и вие сте една од оние личности кои успеваат да се разболат за време на летото, тогаш без сомнение целосно ќе се пронајдете во следниве 11 ситуации…
1. Првите неколку денови мислите дека е само алергија, па земате комплетно погрешни медикаменти

2. Само што ќе сфатите дека сте настинале, СИТЕ личности кои ги познавате ќе ви предложат да правите нешто забавно за време на викендот

3. Вие само сакате да се склопчите во големо и меко ќебе, но надвор има околу 100 степени

4. Луѓето постојано ја јадат вашата холистичка терапија, која е всушност сладолед

5. Со обидот да ја истуширате настинката од вашето тело, се потсетувате колку сите се забавуваат на базен, без вас

6. Не постои личност со која можете заедно да бидете мизерни поради вашата лоша среќа

7. Не знаете дали се потите од треска или од тоа што сте премногу сиромашни за клима уред

8. Јадењето жешка супа ви изгледа едноставно погрешно

9. Натерани сте да сфатите колку лоша програма има во попладневните часови на ТВ

10. Никој не ви доаѓа на посета бидејќи сите се зафатени со забавување, а кога конечно ќе најдат време, забележувате дека нивниот тен драстично се разликува од вашиот

11. Вие ќе почнете да се чувствувате подобро во недела и ќе сфатите дека викендот е завршен и дека е време да се вратите на работа!






























