Чоколадно ледено кафе

Чоколадно ледено кафе

Лесно освежувачко кафе, за уживање во топлите денови кои ни следуваат

Чоколадно ледено кафеВреме на подготовка: 3 минути

Потребни состојки:

  • 300 мл ладно приготвено инстант кафе
  • 3 лажици чоколаден ликер
  • шеќер по вкус
  • чоколаден прелив
  • 6 коцки мраз
  • шлаг и додатоци за декорација

Начин на подготовка: Во висока стаклена чаша ставете ги коцките мраз и одозгора додадете ги кафето, шеќерот и чоколадниот ликер. Одозгора ставете шлаг и чоколаден прелив. Декорирањето може да биде по ваш вкус, со додавање стапче цимет, марачино цреша или пак чоколадни мрвици.