Како изгледа една година без секс?

Како изгледа една година без секс?

Еленор Марголис, авторка на Базфид, се обидела да објасни како изгледа да се живее цели 12 месеци без секс. Еве ја анализата, месец по месец.

kako-izgleda-edna-godina-bez-seks-kafepauza.mk

Јануари

ОК, лесен почеток на годината. Супер, имам уште 11 месеци. И не изгледам воопшто лошо. Сигурно не личам на некој што ќе помине цела година без секс.

Февруари

Супер, денот на заљубените! Не забележав дека се ближи овој ден затоа што бев премногу зафатена со организирање вечер на порно филмови баш на 14 февруари.

Март

Знаете што? Овој целибат не е воопшто тежок. Добра сум. Сè е супер. Не, навистина сум добра, само престанете да ме прашувате како сум!

Април

Претходно не забележував колку е сè секси. Путерот е секси. Норвешка е секси. Дали само мене ми личи овој облак на двајца Норвежани кои имаат секс?

Мај

Знаете што е подобро и од секс? Колачи! Никој не може да добие сексуално преносливи болести од јаглехидрати. Изедов 17 крофни во текот на изминативе 48 часа.

Јуни

Почнав да разгледувам што има на Тиндер. Уф, има еден. Знаете колку добро изгледа? Сериозно, да не се занимава со јога или нешто слично?

Јули

Прекратко траеше и мислам дека не треба веќе да се допишуваме. Време е да почнеме да се гледаме со други луѓе.

Август

Баш сега, секоја секунда, некои од најужасните луѓе на светот имаат секс. Каде е правдата?

Септември

Дали сум проколната? Дали некогаш повторно ќе имам секс?

Октомври

Ако влезам во својата соба и го видам мојот секси доктор, наведнат и спремен за акција, би била луда да не се препуштам на уживањето, зарем не?

Ноември

Ноќите станаа долги. Темни се и ладни. Дали можете да го чуете тоа? Тоа е звукот на секс кој не се случува. Или можеби е само ветар. Ладен, суров ветар.

Декември

Добро сторено! Успеав. Јас буквално пропуштив повик за секс од бившиот како вистинска монахиња. Да наздравиме за новата година полна со многу секс. Да се надеваме само дека сè уште ќе знам каде што треба да оди…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар