Освежувачко фрапе со ореви

Студено кафе со шмек на јаткасти плодови кое добро ќе ве освежи наутро

Освежувачко фрапе со ореви

Потребни состојки:
  • 7 ореви
  • една лажичка инстант кафе
  • 2 лажички чоколадни трошки
  • 2 топчиња сладолед од ванила
  • 250 мл млеко
  • една лажичка екстракт од ванила
  • 3 лажички мед
Начин на подготовка:

Ставете ги оревите во блендер и блендирајте додека не станат ситно мелени како прав. Потоа додајте им ги и млекото, чоколадните трошки, сладоледот од ванила, екстрактот од ванила, кафето и медот и матете додека добиете еднолична и кремаста смеса. Кафето сервирајте го студено и по желба декорирано со малку шлаг и чоколадни трошки.

Освежувачко фрапе со ореви

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.