Посна безглутенска чоколадна торта

Посна безглутенска чоколадна торта

Состојките овозможуваат секој да може да ужива во оваа чоколадна торта. Дури и оние кои се вегани, оние кои постат, како и оние кои се нетолерантни на глутен или не поднесуваат лактоза. Рецептот е подготвен од страна на славниот готвач Џејми Оливер.

Посна безглутенска чоколадна торта

Потребни состојки:
За кората:
  • 300 грама растителен маргарин
  • 300 грама безглутенско брашно
  • 300 грама шеќер во прав
  • 2 лажици екстракт од ванила
  • 200 грама јогурт од соја
  • 2 лажици безглутенски прашок за печиво
  • ½ лажичка ксантанова гума
  • 70 грама какао
  • 6 лажици оризово млеко
  • 100 грама свежи малини, за декорација
  • рендано темно чоколадо, за декорација
За филот:
  • 200 грама шеќер во прав
  • 4 лажици какао
  • 100 грама растителен маргарин
  • 2 лажици јогурт од соја
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 190 степени. За да ја направите кората, почнете така што во сад ќе ги изматите шеќерот и маргаринот додека добиете пенеста и светла смеса, а потоа додајте им ги екстрактот од ванила и јогуртот од соја и продолжете со матење додека убаво да се изедначат. Во истиот сад додајте ги брашното, ксантанската гума, прашокот за печиво и какаото и повторно мешајте до изедначување.

Поделете ја смесата на два дела за да имате две кори и печете ги во рерна 15-20 минути. Потоа оставете ги настрана за да се изладат.

За да го направите филот во посебен сад измешајте ги шеќерот и какаото што ги чувавте за него, потоа додајте им го маргаринот и мешајте додека да се соединат. На таа смеса додајте го јогуртот од соја за и тој да се соедини со смесата.

Кога корите добро ќе се изладат, ставете половина од филот врза едната од нив, па врз нив ставете ја втората кора и намачкајте ја со остатокот од филот. Декорирајте со свежите малини и ренданото чоколадо.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.