Идеја за брз и лесен ручек: Пилешки крилца со Кока-кола

Кинески рецепт модифициран од познатата готвачка Меј Лин

1-Ideja-za-brz-ruchek-pileshki-krilca-so-koka-kola-www.kafepauza.mk_

Потребни состојки за 4 лица:
  • 1 килограм пилешки крилца
  • 100 мл Кока-кола
  • Малку соја сос
  • Сол (по желба)
Начин на подготовка:

Ставете ги пилешките крилца во сад и додајте им околу една лажица соја сос. Откако ќе ги измешате за да впијат малку од сосот, ставете ги во тава на оган со малку масло. Пржете по околу 5 минути на секоја страна, а во меѓувреме додајте и уште една лажица соја сос. Потоа додајте им 100 мл Кока-кола и гответе уште петнаесетина минути додека да течноста испари. Потоа ручекот е спремен за сервирање.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.