Поучна приказна: Одговорот се наоѓа во твоите раце

Еден млад човек уловил мала птица и ја скрил во рацете склопени зад својот грб. Потоа прашал: „Мајсторе, дали птицата што ја држам во раце е жива или мртва?“

0-pouchna-prikazna-Odgovorot-se- naogja- vo- tvoite- race-kafepauza.com

Момчето сметало дека ова е одлична можност да си поигра со старецот. Ако мајсторот одговори „мртва“ ќе ја пушти да одлета. Ако мајсторот одговори „жива“ тој едноставно ќе ѝ го свитка вратот.

Мајсторот одговорил „Одговорот се наоѓа во твоите раце“.