ТВ серија: Скорпион (Scorpion)

ТВ серија: Скорпион (Scorpion)

ТВ серија базирана на животот на генијот Волтер Обрајан

1-tv-serija-skorpion-scorpion-www.kafepauza.mk_ Главни улоги: Елиес Гејбл, Кетрин Мекфи, Еди Кеј Томас, Џејдин Вонг, Ари Стидам, Роберт Патрик, Рајли Б. Смит

Жанр: акција, драма

Креатор: Ник Сантора

Премиера: 22 септември 2014

Број на сезони: 1

Времетраење: 43 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (8 гласа, просек: 7,75 од 10)
Loading...

Оваа ТВ серија е базирана според животот на Волтер Обрајан (Елиес Гејбл), гениј кој има IQ од 197 (за споредба, IQ-то на Ајнштајн било 160). Тој составил тим, исклучиво од гении како него, со цел заеднички да го искористат нивниот потенцијал и да направат некаква промена во светот. Но, можете веднаш да замислите што се случува со тим од гении кои едноставно не знаат како да функционираат во секојдневието – тие не можат навреме да платат ниту сметки, а не па да привлечат голема група на клиенти…

ТВ серија: Скорпион (Scorpion) ТВ серија: Скорпион (Scorpion)

За среќа, по сплет на околности, агентот Кејб Гало (Роберт Патрик) со кој Волтер има соработувано и во минатото, ќе ја побара нивната помош за екстремно тежок случај. Токму во овој момент ќе започне нивната соработка и овие гении ќе служат како последен начин да се реши некој тежок случај во овој модерен свет во кој никој друг претходно не успеал.

ТВ серија: Скорпион (Scorpion) ТВ серија: Скорпион (Scorpion)

Тимот се состои од 5 члена. Волтер, кој веќе го спомнавме е лидерот. Тој е брилијантен во забележувањето на детали и ништо не може да избега од неговите очи. Силвестер (Ари Стидам) е човечкиот калкулатор. Едноставно не постои математички проблем кој тој не може да го реши. Хепи (Џејдин Вонг) е чудо во областа на механиката. Таа е вешта со секаков вид технологија. Тоби (Еди Кеј Томас) е психијатар. Тој има екстремно познавање на умот на луѓето и може да го предвиди скоро секое однесување. Последниот член на тимот, Пејџ (Кетрин Мекфи), е обична девојка која им го преведува светот на овие гении. За возврат, тие ѝ помагаат да го разбере нејзиниот син, Ралф (Рајли Б. Смит), кој исто така е гениј.

ТВ серија: Скорпион (Scorpion) ТВ серија: Скорпион (Scorpion)

Сигурно кога прочитавте дека станува збор за тим од гении, веднаш помисливте дека оваа ТВ серија би можела да биде монотона и досадна. Па, зарем гениите можат да направат нешто повеќе од куцање на компјутер? За големо изненадување, оваа приказна е исполнета со премногу акција која постојано ќе ве држи на работ од вашиот стол. Волтер не чувствува страв и има потреба од високо ниво на адреналин со цел да го опушти својот мозок, па токму затоа запаѓа во најразлични неволји од кои не секој би можел жив да се извлече. А токму тоа е она што ја прави оваа ТВ серија забавна за гледање…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар