Претходно
12 нешта кои навистина ве нервираат кога сте сингл
Датум: 24 дек 2014
Коментари: 0
Кога сте во врска, сè е така убаво. Птиците пејат, сонцето грее, вие сте вљубени, сакате романтика и нежности. Но, кога сте сингл одеднаш од сите тие романтики ви се лоши, и гледате од малку поинаква перспектива. Ова се работите кои ги нервираат оние кои се сингл.

1. Ви се лоши од партнери кои без осет се бакнуваат, лигават и допираат во јавност. Која е поентата?

2. Кога ќе ги видите оние љубовни цитати и слики кои вашите пријатели ги постираат на социјалните мрежи, сфаќате дека се глупави и не секогаш имаат смисла. Добро, дали луѓето воопшто размислуваат?

3. Не ви е јасно зошто паровите би си пишувале на ѕид на ФБ кога можат тоа да си го кажат во лице.

4. Не постои поиритирачка ситуација од тоа кога пријателот ќе ве покани дома но е „презафатен“ со својата девојка.

5. Мразите да купувате намирници во супермаркет, бидејќи знаете дека потоа ќе треба да смислите кое јадење да го подготвите кое потоа ќе го јадете сами од нога.

6. Кога вашата мајка ќе почне да ве прашува и да ви зборува за вашиот љубовен живот, тоа е вистинска тортура за вас.

7. Бљак. Површни, лигави, филмски љубовни фрази.

8. Луѓето за секоја забава или настан очекуваат гостите да им дојдат во пар. Затоа ќе седите на масата со децата.

9. Понекогаш чувствувате дека се губите сами во својот голем кревет.

10. Ви се превртува стомакот кога ќе отворите ФБ и гледате дека некој од бившите е во врска. Чувствувате дека не е фер што така брзо продолжиле понатаму.

11. Ве нервираат среќните краеви, до толку што почнувате да се загрижувате. Не е сè розово!

12. На крај сфаќате дека вие истовремено ги сакате благодатите од љубовната врска, но и слободата од статусот сингл. Дали барате премногу? Најверојатно да.






























