Најубавата торта со кафе на Џејми Оливер

Најубавата торта со кафе на Џејми Оливер

Навистина силен вкус на кафе

Најубавата торта со кафе на Џејми Оливер

Потребни состојки:
  • 200 грама мелени бадеми
  • 200 грама темно чоколадо
  • 175 грама путер
  • 70 грама шеќер
  • 4 јајца (со одделени жолчки од белки)
  • 20 мл јако еспресо
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени и подгответе го тавчето со масло и хартија за печење. Додека се загрева рерната стопете го чоколадото на пареа заедно со путерот и еспресото. Потоа матете ги жолчките и шеќерот околу пет минути, односно додека добиете бледа густа смеса. На таа смеса прво додадете ја смесата со растопеното чоколадо, а потоа и мелените бадеми. Во друг сад изматете ги белките, па и нив додајте ги на новата смеса. На крај, останува само уште да ја испечете тортата во добро загреаната рерна околу 25-30 минути.