Чоколаден десерт готов за помалку од 10 минути
Кога ви се јаде нешто благо, а немате многу време за подготвување, чоколадниот мус е совршениот десерт

Потребни состојки:
- 300 г квалитетно чоколадо
- 3 јајца
- 50 г шеќер
- 1 лажица какао
- 300 мл слатка павлака
Начин на подготовка:
- Чоколадото стопете го во микробранова, а слатката павлака изматете ја така за да добиете цврст шлаг.
- Изматете ги јајцата со шеќерот додека да добиете многу светла нијанса, па додадете го какаото, а потоа и стопеното чоколадо.
- Сè добро изматете, па помешајте ја чоколадната смеса со шлагот.
- Сервирајте ја добиената чоколадна пена во чаши и по желба украсете ја со шлаг и рендано чоколадо.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
