Претходно
Не читајте ја оваа хорор приказна доколку сакате да заспиете вечерва
Ова е „Приказната за Лиса“, чиј автор е Сани Шрajнер. Тој ја напишал кога имал 19 години, а оттогаш е раширена на многу сајтови, форуми и социјални мрежи, сè уште копкајќи ги луѓето дали е базирана на вистинска случка која самиот ја доживеал. Како што тој вели, верувајте во она што сакате да верувате, а ако не се плашите, продолжете со читање и подгответе се за најстрашната хорор приказна од која ќе ве полазат морници по целото тело.

Ова е Лиса. Таа ми е другарка. Мајка ми и татко ми не можат да ја видат, па рекоа дека е замислено другарче. Лиса е добра другарка.

Денес се обидов да посадам цвеќе во дворот. Сакав да го посадам во песокот, но Лиса рече дека тоа е местото каде што спие нејзиниот татко, па затоа го засадив во пластичен сад.

Лиса е денес со мене на училиште. Ја донесов за да ја покажам и да се пофалам, но на Г-ѓа Монро се налути бидејќи не можеше да ја види Лиса. Лиса се натажи, па го скри сунѓерот за бришење на таблата.

Вчера имав роденденска забава. Мајка ми купи пица, но никој не дојде. Лиса рече дека дошле луѓе на тремот, но си заминале. Сепак, ми оставиле подароци. Добив 3 барбики, некои чевли и 5 долари. Јас и Лиса си игравме со барбиките.

Г-ѓа Монро беше отсутна денес. Нејзината заменичка се вика Г-ѓа Дигман. Таа е убава и фина и ни дозволува да јадеме ужина после пишување во дневникот. Посакувам г-ѓа Дигман да ни остане учителка.

Денес Џонатан Паркер ми го украде торбичето со моливи. Г-ѓа Дигман не можеше да го најде, па го натера да ми ги даде неговите моливи. Лиса пак дојде во школо. Г-ѓа Дигман не можеше да ја види, но рече дека верува дека Лиса е вистинска.

Вчера јас и Лиса отидовме на долга прошетка која траеше додека не се појави месечината. Тато многу се налути и рече дека Лиса е глупава и лажна. Лиса стана многу тажна и депримирана. Денес таа не дојде на училиште, но Г-ѓа Дигман рече дека Г-ѓа Монро нема да се врати.

Тато вчера беше цел ден на работа. Не се ни врати дома за вечера. Денес тој е сè уште на работа. Мама ми спакува пудинг за денешниот ручек. Пудингот ми е омилен.

Ми недостига Лиса. Тато е многу зафатен на работа. Не дојде дома цел викенд. Мама му е многу лута. Ќе ѝ напишам писмо на Лиса.

Драга Лиса, ми недостигаш. Те молам врати се. Жал ми е што татко ми беше зол. Ти си ми најдобра другарка.






























