Вкусен и здрав појадок со јаболка и ореви

Пробајте нешто различно, појадок во чашка полна витамини

Вкусен и здрав појадок со јаболка и ореви

Потребно време за подготовка: 15 минути
Потребни состојки (за две сервирања):
  • 2 јаболка, излупени и исечени на парчиња
  • 2 супени лажици кафеав шеќер
  • ¼ кафена лажичка цимет
  • 1 супена лажица путер
  • 1 супена лажица брашно
  • 2 супени лажици ореви (исчистени)
  • 4 супени лажици житарки
  • 350 мл овошен јогурт со вкус на ванила
Начин на подготовка:
  1. Во огноотпорен сад ставете ги јаболката, една лажица кафеав шеќер и циметот. Садот ставете го во микропечка околу 2 минути, или додека јаболката не омекнат. Извадете ги од микропечката и оставете да се оладат.
  2. Во еден сад ставете го путерот, па додајте го брашното и уште една лажица кафеав шеќер. Додајте ги оревите и житариците и измешајте. Смесата треба да биде ронлива. Смесата ставете ја на тава обложена со хартија за печење и ставете ја во рерна на 200 ˚C. Оставете да се пече околу 8 минути.
  3. Откако јаболката ќе се оладат, поделете ги еднакво во две стаклени чаши. Врз секоја од чашите додајте од овошниот јогурт, а над јогуртот ставете од смесата со ореви и житарици.

Вкусен и здрав појадок со јаболка и ореви Вкусен и здрав појадок со јаболка и ореви

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.