Благотворна облога за лекување на болката во коските и зглобовите

Рускиот писател Генадиј Петрович Малахов, во својата книга Прирачник за самолекување забележал и една многу благотворна облога за лекување на болката во коските и зглобовите. Рецептот е многу едноставен, а состојките веројатно веќе ги имате дома. Болките би требало да исчезнат многу брзо, а облогата треба да се подготви и стави навечер пред спиење.

blagotvorna-obloga-za-lekuvanje-na-bolkata-vo-koskite-i-zglobovite-kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • Мед
  • Брашно
  • Јаболков оцет
  • Вотка или ракија
Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки во еднакви количини, зависно колкава облога ви е потребно да добиете. Од состојките замесете тесто. По потреба додадете повеќе брашно за да добиете хомогена смеса.

Начин на користење:

Тестото развлечете го или обликувајте го како лепче и ставете го на болното место. Врз него ставете целофанска фолија, па прицврстете ја облогата со памучна ткаенина. Така легнете да спиете.

Рок на користење:

Облогата се користи само еднаш и наутро се фрла. Тогаш веќе ќе почувствувате олеснување на болките и подобра подвижност на болните зглобови.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.