4 причини зошто пливањето е добро за вашето здравје

Автор: Маја Линкова

Влегувањето во базен веројатно ве асоцира на одмор и на разладување за време на летните горештини. Но, пливањето е и одлична кардио-вежба. Не ги оптоварува зглобовите, а активноста на целото тело согорува калории. Исто така, го истегнува и издолжува вашето тело, а тоа е нешто што не можете да го постигнете со обични вежби. Тренерот по пливање Ерл Волтон, нагласува 4 причини зошто пливањето е препорачливо за сите.

4-prichini-zoshto-plivanjeto-e-dobro-za-vasheto-zdravje-kafepauza.mk

1. Крос-тренинг

Веројатно сте чуле дека за оптимален фитнес тренинг, најдобро е да комбинирате различни вежби. Пливањето има поразличен ефект од вежбите кои ги правите во теретана или дома. Тоа е идеално за мускулите кои се најчесто занемарени со вообичаените вежби. „На спринтерите или на луѓето кои вежбаат во теретана, пливањето им овозможува одмор на глуждовите, колената и колковите“, истакнува Волтон.

2. Совршени мускули

Пливањето може да ви ги зајакне рацете, нозете, рамењата, а за кратко време ќе забележите и зацврстени мускули на задникот. „Водата е 724 пати погуста од воздухот, па така целото ваше тело постојано прави отпор“, тврди Волтон.

2-4-prichini-zoshto-plivanjeto-e-dobro-za-vasheto-zdravje-kafepauza.mk

3. Појако срце

Со пливањето, го учите вашето тело на нови техники на дишење, посебно кога вашата глава е во вода и свртена надолу. Длабоко вдишувате и издишувате воздух, така што вашите бели дробови се шират и произведуваат повеќе кислород, а на тој начин срцето ви станува посилно.

4. Бестрашност

Пливањето ја зголемува вашата самодоверба. Самото чувство кога учите некоја нова техника и ја совладувате, е навистина охрабрувачко. Самиот предизвик кој си го наложувате, на пример да го испливате целиот базен по должина, ви нуди неверојатно чувство. „Како тренер, оваа можност за мене е една од најважните предности на пливањето“, заклучува Волтон.

4-4-prichini-zoshto-plivanjeto-e-dobro-za-vasheto-zdravje-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.