Замрзнати чоко банани

Замрзнати чоко-банани

Банана и чоколадо е една неодолива комбинација. Направете ги овие чоко-банани и уживајте во овошјето и чоколадото во истовреме.Замрзнати чоко бананиПотребно е:

  • 2 банани
  • 4 дрвени стапчиња
  • 200 г млечно чоколадо, стопено
  • 100 г бело чоколадо, изрендано
  • 100 г мелени кикирики

Подготовка: Бананите исечете ги на два дела. Во мало тенџерче растопете го млечното чоколадо. Секое парче банана забодете го на стапче за ражен и натопете го во стопеното чоколадо. Потоа, ставете малку од мелените кикирки врз бананата. Одозгора налепете од ренданите трошки од бело чоколадо. Наредете ги сите банани на хартија за печење и ставете ги во фрижидер да се стегне чоколадото неколку часа. Замрзнати чоко бананиЗамрзнати чоко банани