Колач од Нутела и бисквити: Супер брз рецепт без многу филозофии

Совршен спој на Нутела и бисквити за кој не ви треба рерната ниту искуство во кујната

kolach-od-nutela-i-biskviti-super-brz-recept-bez-mnogu-filozofii-kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 3 шолји слатка павлака
  • 2 лажици шеќер
  • ½ лажичка цимет
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • ½ шолја Нутела (или сличен намаз)
  • 15 бисквити со житарки (или други суви колачиња)
  • Свежи јагоди (по желба)
Начин на подготовка:
  1. Во сад за матење измешајте ги павлаката, шеќерот, циметот и ванилата и сето тоа добро измиксајте го додека не добиете изедначена кремаста смеса (3-4 минути).
  2. Во смесата додајте ја Нутелата, и полека со лажица мешајте додека во целост не се соедини.
  3. Во калап наредете ги бисквитите покривајќи го целото дно. Ако е потребно, искршете парчиња за да ги пополните празнините.
  4. На бисквитите нанесете од кремот во дебел слој и рамномерно распоредете го.
  5. Врз кремот ставете уште еден слој бисквити и повторно покријте со крем.
  6. Садот покријте го со фолија и ставете го во ладилникот преку ноќ.
  7. Колачот исечете го на коцки (ако користевте правоаголен калап) или на триаголници (ако користевте кружен калап) и послужете.
Совети:
  • Кога во смесата ќе ја додадете Нутелата, мешајте полека и внимателно за да не се опушти кремот.
  • Ако сакате на колачот да му дадете свежина, во рецептот додајте свежи јагоди. Исечете ги на тенки плочки, поставете ги врз првиот слој крем и потоа прекријте ги со бисквити.
  • Според рецептот, треба да користите калап со димензии околу 20 на 20 см за да ви испаднат 3 слоја бисквити и 3 слоја крем.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.