Брза чоколадна торта: само 3 состојки, без брашно и шеќер!

Богат чоколаден вкус со пенеста структура на кој ретко кој би можел да одолее

brza-chokoladna-torta-samo-3-sostojki-bez-brashno-i-shekjer-kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 175 г темно чоколадо
  • 7 јајца
  • 140 г путер
Начин на подготовка:

1. Рерната загрејте ја на 130 степени. Подгответе го калапот за тортата премачкувајќи го со путер и обложувајќи го со хартија за печење. Чоколадото искршете го на коцки и стопете го на пареа. Пред сосема да се стопи, додајте го и путерот, претходно исечен на коцки. Мешајте додека сосема не се растопи.

2. Одвојте ги жолчките од белките и во еден сад изматете ги жолчките додека не добиете мазна пена. Потоа во нив додадете ја смесата од чоколадо и путер и нежно промешајте. Во друг сад направете шлаг од белките и лажица по лажица додавајте го во претходно подготвената смеса, нежно мешајќи додека не стане хомогена.

3. Смесата излијте ја во претходно подготвениот калап за печење и покријте ја со фолија. Калапот ставете го во поголем сад за печење и него наполнете го со топла вода за да дојде до половина калап.

4. Печете 25 минути. Средината на тортата ќе биде мека, а површина крцкава. По печењето, оставете ја тортата да се олади на собна температура и посипете ја со шеќер во прав. Исечете ја со топол нож и послужете ја со малку матена слатка павлака и со неколку свежи јагоди или малини.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.