Како студирањето психологија може да ви помогне во животот?

Како студирањето психологија може да ви помогне во животот?

Постојат многу начини на кои дипломата по психологија може да ви помогне, не само во кариерата, туку и во животот воопшто. Еве кои се тие.

Како студирањето психологија може да ви помогне во животот?

Полесно поврзување со другите луѓе

Студирањето психологија може да ви помогне во градење подобри врски со другите. Дел од студиите по психологија е и предметот социјална психологија, каде што се изучува комуникацијата и поврзувањето со другите луѓе. Познавањето на таа општествена динамика, ќе ви овозможи полесно да остварувате контакти и да се доближувате кон останатите. Исто така, ќе умеете да ги набљудувате сопствените постапки, да се преиспитувате како личност и да се однесувате најдобро што можете во комуникациските односи.

Предност при решавањето конфликти

Конфликтите се составен дел на животот, но откривањето и разбирањето на нивното потекло, ќе ви помогне да ги ублажите последиците од нив. Кога разбирате што луѓето ги прави лути, повредени или тажни, најчесто можете да избегнете доста конфликти. Психологијата подучува дека при конфликтите има два најважни одбранбени механизми: да се потрудите да ги разберете гледиштата на другата страна и да сослушате што тие имаат да кажат.

Подобри комуникациски вештини

Студиите по психологија ги подобруваат и комуникациските вештини, што се најважни за професионалниот и социјален живот. Неизбежно е да налетате на луѓе со кои и не баш добро се согласувате, но знаењето како да ги смирите страстите со помош на ефективна комуникација, многу ќе ви помогне. Психологијата нѐ учи да бидеме отворени во односите со другите, со што би ги одбегнале недоразбирањата.

Самоспознавање

Предметите психологија на личноста, когнитивна психологија и развојна психологија, ќе ви помогнат да се откриете себеси. Ќе ги спознаете своите сили и слабости и начинот на кој стоите во односите со другите луѓе.

Способност за самопомош

Некои луѓе во животот страдаат од панични напади, проблеми со исхраната и анксиозност. Клиничката психологија ќе ви посочи како можете да си помогнете самите, на најразлични начини. Учењето на ваквите опции за самопомош, ќе ви даде чувство на поткрепа и самодоверба во животот, воопшто.

Прифаќање на сопствената нормалност

Студиите по психологија, покрај другото, ќе ви помогнат да сфатите дека и не сте многу различни од другите. Понекогаш си мислиме дека ние сме единствените кои минале низ одредени тешки ситуации, но ова е далеку од вистината. Послични сме со останатите одошто мислиме.

Професионална надградба

И за крај, работата како психолог ќе ве поврзе со најразлични луѓе и судбини, од чие непријатно искуство и вие самите многу ќе научите. Работата е динамична и постојано учите нешто ново и се надградувате. Преку работата како психолог учите за себе, за другите, за животот воопшто.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар