Илустрации кои им даваат живот на секојдневните улични објекти

Автор: Ана Петровиќ

Многумина од нас секојдневно се во брзање без да ги забележат убавите работи кои нè опкружуваат. Данскиот илустратор Тинеке Мејринк нуди креативен и забавен начин на еден поинаков поглед кон светот – „само застани и погледни“, вели таа.

Нејзиниот блог „Stop:Watch“ ја зачинува имагинацијата со колекција од едноставни улични објекти на кои таа им внесува живот, додавајќи минималистички детали.

1-ilustracii-koi-im-davaat-zhivot-na-sekojdnevnite-ulichni-objekti-kafepauza.mk

Тинеке ги објавува двете верзии на истата слика: првата е оригиналната и здодевната верзија, а втората верзија е нејзиното креативно дело. Таа ја покажува разликата помеѓу она што претставува самиот објект и она што таа го гледа.

„Во светот секогаш постојат нови работи и откритија, доколку погледнеме поблиску. Отворете ги очите и погледнете – инспирацијата е насекаде околу нас.“

Нејзината креативност е поттик да ја пронајдеме убавината дури и во навидум обичните предмети во нашето опкружување.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.