12 цитати кои ја доловуваат суштината на вистинското пријателство

Што е животот ако немате пријатели со кои би споделиле и радост и тага? Такви кои нема да се ситат на вашата несреќа и од неа да објавуваат свој триумф туку ќе ве извлечат од калта. Ова се 12 цитати кои ја истакнуваат смислата на пријателството и кои ќе ве поттикнат да бидете уште подобри пријатели.

12 цитати кои ја доловуваат суштината на вистинското пријателство

 

„Најдобар пријател: оној на кого не можеш да му бидеш лут долго бидејќи имаш важни работи кои мора да му ги кажеш.“ – Непознат автор

„Мојот најдобар пријател е оној кој го извлекува најдоброто од мене.“ – Хенри Форд

„Најдобрите пријатели не мора да разговараат секој ден. Може да не разговарате и со недели, но кога ќе се видите, исто како да не сте прекинале со зборување.“ – Непознат автор

„Работите никогаш не се толку страшни кога имаш најдобар пријател.“ – Бил Ватерсон

„Најдобри пријатели се оние кои твоите проблеми ги сметаат за свои само за да не мора да минуваш сам низ нив.“ – Непознат автор

„Мојот најдобар пријател е оној кој кога ми посакува сè најдобро го посакува тоа за мое добро.“ – Аристотел

„Добриот пријател ги знае твоите приказни. Најдобриот пријател ги проживеал заедно со тебе.“ – Непознат автор

„Секој е твој најдобар пријател кога си успешен. Но внимавај луѓето со кои си опкружен да бидат оние со кои не се плашиш да паднеш.“ – Пола Абдул

„Најдобриот пријател може да ти ги каже работите кои не сакаш да си ги кажеш самиот.“ – Непознат автор

„Најдобриот пријател е како детелина со четири лисја. Тешко е да се најде, но среќен си ако ја имаш.“ – Сара Џесика Паркер

„Непознатиот ти забива нож од напред, пријателот во грб, партнерот во срце, но најдобрите пријатели само се подбуцнуваат со сламка.“ – Непознат автор

„Пријателите те честат ручек, најдобрите пријатели го јадат твојот.“ – Непознат автор

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.