Како сами да си направите течна пудра?

Како сами да си направите течна пудра?

Секоја жена трага по идеалната пудра. Секогаш прв услов за совршен изглед на кожата на лицето е нејзиното негување, а потоа следи шминката. Совршената пудра е основен и најважен елемент на шминкањето, па затоа е многу важно да се комбинираат и бараат оние што најмногу одговараат на кожата. Ви ја прикажуваме постапката како од природни состојки и минерална пудра во прав да направите течна пудра.

Како сами да си направите течна пудра?

Потребни состојки:
  • Минерална пудра во прав (нијанса и вид кој најмногу ѝ одговара на вашата кожа)
  • Масло за лице (бадемово, кокосово, маслиново…)
  • Некоја капка етерично масло
Начин на подготовка:

Во еден сад ставете ја пудрата во прав и маслото, во сооднос 2:1. Мешајте додека не се растопат сите грутчиња. Додавајте пудра и масло додека не добиете густина која ќе ви одговара. Откако ќе ја добиете потребната густина, капнете некоја капа етерично масло.

Се нанесува како и секоја друга течна пудра, а можете да ја зацврстувате со нанесување на малку минерална пудра во прав, особено кога времето е повлажно или ако имате масна кожа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.