Лимонада со лубеница

Лимонада со лубеница

Одлично летно освежување…Лимонада со лубеницаПотребни состојки за 8-10 чаши:

  • лубеница од 2 кг и 200 г., исечена на парчиња и исчистена од семки
  • 3 лимони
  • ситно рендана кора од еден лимон
  • 350 мл вода
  • 50 грама шеќер

Начин на подготовка: Направете пире од лубеницата, а потоа процедете го за да се одвои течноста од тврдите состојки. На течноста од лубеницата додадете ги лимоновиот сок, кората од лимонот, водата и шеќерот. Добро промешајте и послужете заедно со мраз и декорирајте со мали парчиња лубеница и лимон.

Доколку сакате, можете на овој убав освежителен пијалак да му додадете вотка или некој друг алкохолен пијалак и од него да направите одличен летен коктел.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.