Домашен рецепт за ефикасен и брз раст на вашата коса
Многу пати сакаме да направиме некаква промена со нашата коса, да ја скратиме, да ја бојадисаме или сосема да ја смениме формата и начинот на кој вообичаено ја носиме. Сепак, разните третмани ја оштетуваат косата и поради тоа тешко е да порасне, а притоа да го задржи сјајот и живоста на тазе потшишаната коса.
Ова е еден домашен рецепт, кој го споделува професионалката за коса Ноел Спикс. Доколку го користите редовно, барем еднаш до двапати неделно, веќе за месец дена ќе ја забележите разликата.
Со овој третман ќе го подобрите квалитетот на вашата коса од коренот сè до врвовите. Погоден е за сите видови коса.

Потребни состојки:
- Бел дестилиран оцет
- Рузмариново масло
- Кокосово масло
- Капа за туширање
Постапка:
1. Проблемот е во тоа што не ја масираме доволно косата. Масажата на скалпот е неопходна во овој процес. На чиста измиена коса, потсушена само со пешкир, ставете бел дестилиран оцет и масирајте 15 минути со врвот на прстите. Употребете околу 120 мл.
2. Не мијте ја косата. Земете една лажица масло од рузмарин и масирајте ја главата насекаде. Доколку сакате да ја згуснете косата, ставете уште една лажица. Масирајте го скалпот темелно и без брзање.
- Дестилираниот бел оцет е природен продукт за раст на косата кој помага и за нејзино темелно чистење.
- Маслото од рузмарин пак, ја стимулира циркулацијата што води до здраво растење на косата.
3. Сè уште не мијте ја косата. Сега, откако го третиравте скалпот, употребете го кокосовото масло за да ја масирате косата по нејзината должина. Ставете малку на рацете, размачкајте го и нежно нанесувајте по целата должина на косата, почнувајќи од 3 прсти од коренот, па сè до долу. Не претерувајте со кокосовото масло бидејќи тешко се измива. Како алтернатива може да се користи и маслиново масло, но ефектот со кокосовото е подобар.
4. Ставете капа за туширање и преспијте ја така ноќта. Ќе чувствувате скокоткање и свежина.
5. Нежно измијте ја косата со шампон наредното утро и не ставајте никакви маски или кондиционери, бидејќи нема да има потреба.
Повторувајте ја постапката еднаш или двапати неделно, зависно од состојбата во која се наоѓа вашата коса и за еден месец ќе забележите разлика, додека за 6, вашата коса ќе ја добие еластичноста и здравиот изглед.

Секако, не значи дека не треба редовно да ги кратите оштетените врвови. Но, од друга страна пак, не значи ни дека мора да престанете да користите хемикалии. Заборавете ги скапите маски со тропски амбалажи кои ви влеваат лажна надеж дека ќе имате поквалитетна коса. Пробајте го овој домашен третман, кој се покажал успешен за многумина кои поминале во салонот на Ноел Спикс.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
