Тропско кафе

Тропско кафе

Ладните денови можат понекогаш да станат депресивни. Ова кафе е токму за тие денови. Ананасот ќе ве однесе на плажата од соништата, а кафето само ќе го надополни тоа прекрасно чувство на сонце и лето.Тропско кафе

Потребно за две кафиња:

  • 200 мл сварено црно кафе (100 мл за еден човек)
  • 200 мл млеко, загреано
  • 20 мл сок од ананас
  • 2 лажици кокосово брашно (рендан кокос)
  • 20 мл ликер од кокос

Подготовка: Млекото ставете го во мало тенџерче и додадете го сокот од ананас. Почекајте да се загрее малку и потоа ставете го кокосот. Во две високи чаши распоредете го кафето и смесата со кокос. Со лажица промешајте и ставете го ликерот. По желба може да ставите цврсто изматен шлаг од горе. Се пие топло или ладно.