Ако почнете да размислувате за причините поради коишто ја сакате Македонија, сигурно ќе ви требаат денови за да сфатите што сè што е поврзано со нашата земја ви предизвикува чувство на топлина. Веројатно затоа нам, на целиот тим на Кафе пауза, ни требаше толку многу полемика и давање причини „за“ и „против“. На крајот сепак составивме листа од 25 причини кои, сакале или не, ќе ве потсетат на вашата татковина секогаш кога ќе се споменат.
Најубавото знаме на светотМакедонскиот јазик, затоа што кирилицата е реткаДенарите, кои е убаво да ги имаш в џебАјварот, македонскиот мирис на есентаОхридското Езеро, кое секогаш ќе биде „наше море“365 цркви во Охрид, по една за секој денМистичните македонски планини…а колку се убави и Маврово, Пешна, Радика, Кораб, Малешевијата…Тоше Проески, кому уште долго ќе му се слуша гласот иако веќе не е помеѓу насЗоран Маџиров, човекот кој пронајде музика таму каде што никој претходно не ја побаралГаличката свадбаКарневалите во Вевчани и СтрумицаНајубавите домати на светот од кои се прави прекрасна салата……која многу добро оди со домашна жолта ракијаТетовското тавче гравчеРивалството меѓу градовите (кавадарчани и неготинци најдобро си знаат)Националните репрезентации кои играат светски ракомет и кошаркаПреубавата македонска литератураФестивалите на пивото, кои си ги увезовме од странство, но си ги тераме по наша меркаМакедонските народни приказни„Голем град“ – единствениот остров кој го имамеКвалитетното вино кое го обожаваат и наши и странциДолгата традиција на куќната слава, ден кога чекаме гости на богата мрсна или посна трпезаПревкусните ресенски јаболка на кои никој не останал рамнодушенИ за крај… чичкото кој пее „старо купуем“ и со насмевка нѐ буди за време на викендите
Слободно надополнете ја нашата листа во коментари. 🙂