Маршмелоу
Овие мали меки колачиња се толку слатки и вкусни што ќе ве освојат од прва. Американците ги јадат како тост со бисквити и топено чоколадо, а најдобри се во комбинација со топло чоколадо.
Потребно:
- 2 1/2 лажички желатин
- 1 1/2 шолји шеќер
- 1 шолја сируп од пченка
- 1/4 лажичка сол
- 2 лажички екстракт од ванила
- шеќер во прав
Подготовка: Во сад за матење ставете пола чаша вода и желатинот. Со миксер мешајте додека не се соединат водата и желатинот. Оставете да отстои 30 минути. Во тенџере ставете ги шеќерот, сирупот, солта и 1 1/2 чаша вода. Тенџерето ставете го на слаб оган и мешајте со дрвена лажица додека не се стопи шеќерот. Навлажнете ја лажицата со вода и соберете ги кристалите од шеќер кои ќе се направат од страните на тенџерето. Ставете кујнски термометар во тенеџерето и кога сирупот ќе достигне температура од 117 степени Целзиусови, тргнете го тенџерето од оган. Додека го правите ова, никако не мешајте. Сирупот полека сипувајте го во смесата со желатин, при тоа мешајќи со миксер на најмала брзина. Мешајте со миксер додека не добиете мазна смеса. Додајте ја ванилата и измешајте со лажица. Во тавче за печење ставете подебел слој шеќер во прав. Овде ставете ја смесата и одозгора пак ставете шеќер во прав. Оставете да се исуши целата смеса. Со тркалезни калапи направете парчиња во форма на маршмелоу.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
