Како да ослабете за 1 конфекциски број за 20 минути?

Како да ослабете за 1 конфекциски број за 20 минути?

Брзиот начин на живот, во комбинација со крајните рокови за спремање испит или завршување на започнатите работни проекти, не ни оставаат доволно време секогаш да се грижиме за здравиот начин на исхрана. Тоа резултира со јадење брза храна, задржување на течностите во телото, подуеност во стомакот и непријатност, што ви доаѓа да се облечете во шатор, наместо да „ризикувате“ да го намалите бројот на алкохолни пијачки, кога конечно ќе излезете после напорната работна недела.

Како да ослабете за 1 конфекциски број за 20 минути?

За овој проблем, на помош ни излегуваат момичките од Тајланд, кои со векови наназад се мачкале со билни маски за тело, кои се одлични за чистење на нечистотиите во кожата, намалување на чувството на подуеност и зацврстување на телото. Секако, ова не значи дека ќе ослабете 5 кила со еден третман, а ефектите од овој боди врапинг ќе траат само неколку дена, но сепак е супер, доколку сакате да појдете на забава и да се чувствувате одлично!

Потребни состојки:
  • 20 грама ѓумбир
  • 80 грама куркума (азиски зачин)
  • 1 шака ориз
  • Топла вода
Начин на подготовка:

1. Истолчете ги заедно ѓумбирот и куркумата (можете да ја најдете по пазарските тезги и продавниците специјализирани за органска храна).

2. Истолчете го оризот додека не се претвори во гранули.

3. Сите состојки додадете ги во топлата вода и мешајте ги со миксер, додека не се претворат во густа паста.

4. Масирајте се со пастата по целото тело во кружни движења, обраќајќи посебно внимание на местата каде што имате масни наслаги, како што се бутовите, стомакот, колковите и надлактиците.

5. Оставете ја пастата да постои 20 минути, а потоа исплакнете се со топла вода. Потоа можете да се намачкате со хидратантно млеко за тело, по ваш избор.

Можете да ја зголемите моќноста на рецептот, завиткувајќи го вашето тело (или барем проблематичните делови) со најлонска фолија или со парчиња ткаенина.

Како да ослабете за 1 конфекциски број за 20 минути?

Ова е одличен рецепт, бидејќи ѓумбирот ја стимулира циркулацијата и го намалува задржувањето на течностите во телото, куркумата дејствува како антиоксиданс и  детоксификатор, додека пак оризот ги отстранува мртвите клетки од кожата и ја вади нечистотијата од порите, до најдалечните слоеви на кожата.

Имате ли побезбеден начин да ги изгубите тие досадни килограми, кои ви сметаат да се чувствувате удобно во вашата омилена облека? Веројатно не. Затоа пробајте и споделете ги ефектите со нас. 🙂

Како да ослабете за 1 конфекциски број за 20 минути?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.