Успешни vs. неуспешни луѓе. Која е разликата?

„Ние сме она што постојано го правиме. Затоа извонредноста не е чин туку навика.“ – Аристотел

Вашиот успех во иднина зависи од вашите постапки денес. Доколку сакате успешна иднина, внимавајте на вашите навики и секогаш вашите постапки насочете ги кон позитивни исходи.

1-uspeshni-vs-neuspeshni-lugje-koja-e-razlikata-www.kafepauza.mk_

Инфографикот е дело на „Success Story

Погледнете ги навиките на успешните наспроти навиките на неуспешните личности. На која страна ќе застанете вие?

2-uspeshni-vs-neuspeshni-lugje-koja-e-razlikata-www.kafepauza.mk_

Навики на неуспешните личности:
  • Дејствуваат пред да размислат.
  • Мислат дека знаат сè.
  • Се обидуваат да ги спуштат другите на свое ниво.
  • Престануваат со учење.
  • Размислуваат, зборуваат и дејствуваат негативно.
  • Ги обвинуваат другите.
  • Повеќе зборуваат а помалку слушаат.
  • Се плашат од промена.
  • Лесно се откажуваат.
  • Залудно си го трошат времето.
  • Чуваат за себе и кријат информации и податоци.
  • Лесно им се одвлекува вниманието.
  • Критикуваат.
  • Не си поставуваат цели.
  • Секогаш го одбираат полесниот пат.
  • Не знаат што сакаат да бидат.
  • Тајно се надеваат на туѓ неуспех.
  • Чуваат омраза во себе.
  • Секогаш се лути на останатите.
  • Преголем акцент ставаат на нивните права и овластувања.

3-uspeshni-vs-neuspeshni-lugje-koja-e-razlikata-www.kafepauza.mk_

Навики на успешните личности:
  • Го следат својот напредок.
  • Учат од своите грешки.
  • Минуваат време со вистинските личности кои влијаат позитивно.
  • Одржуваат баланс во животот.
  • Си поставуваат цели.
  • Размислуваат долгорочно.
  • Им делат комплименти и пофалби на другите.
  • Прават to-do листи.
  • Ја распознаваат својата намера и мисија.
  • На другите им посакуваат успех.
  • Прифаќаат одговорност за својот неуспех.
  • Имаат силна желба и стремеж.
  • Работат посветено и со страст.
  • Учат, читаат и се подобруваат секојдневно.
  • Преземаат ризици.
  • Добро се справуваат со проблеми.
  • Љубезни се и скромни.
  • Споделуваат битни информации кои им се потребни на другите.
  • Споделуваат радост.
  • Им простуваат на другите.
  • Зборуваат за идеи.
  • Отворени се за промена.

4-uspeshni-vs-neuspeshni-lugje-koja-e-razlikata-www.kafepauza.mk_

Можности за успех

Кои ставови ви носат најголеми шанси за успех?

  • Го направив тоа. – 100%
  • Јас сум. – 90 %
  • Јас можам. – 80%
  • Мислам дека можам. – 70%
  • Би можел/а. – 60%
  • Мислам дека би можел/а. – 50%
  • Сакам… – 40%
  • Посакувам да можев. – 30%
  • Не знам како. – 20%
  • Не можам. – 10%
  • Нема да… – 0%

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар