Топ 10 бјути трендови кои ја одбележаа 2016-та година

Топ 10 бјути трендови кои ја одбележаа 2016-та година

Последниот месец од годината полека останува зад нас, а токму сега е вистинското време за да се потсетиме на сите оние бјути трендови кои ги обожававме во текот на оваа година, а кои најверојатно ќе ги сакаме и во наредната. Секако, бидејќи Нова година значи и нови одлуки, па затоа со задоволство ќе ги избереме трендовите кои ќе ги задржиме, но и ќе се збогуваме со оние непотребните.

Топ 10 бјути трендови кои ја одбележаа 2016-та година

1. Контурирање

Ким Кардашијан и „нејзиното“ контурирање. Секако, таа не ја измислила оваа техника, но високо ја лансира, а вие самите можете да ја примените според вашиот облик на лице. А она што особено ја одбележа оваа година, а е во врска со контурирањето, се секојдневните техники за постигнување на овој изглед. Контурирање со помош на цветови, со помош на срце, кловновско контурирање, со користење на селотејп или нож, се само дел од бизарните начини за копирање на мејкап изгледот на оваа позната личност. Но, многу мејкап уметници контурирањето го окарактеризирале како неприродно и како големо НЕ, па така, девојки заборавете на оваа техника во следната година.

2-top-10-bjuti-trendovi-koi-ja-odbelezhaa-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_

2. Хајлајтер

Она што најверојатно ќе продолжиме да го сакаме и во текот на наредната година е токму сјајниот производ наречен хајлајтер. Малку дискретни светки на јаболкниците, брадата, под веѓите и во аглите на очите, на вашето лице ќе му дадат преубав, свеж и природен сјај. Значи, овој производ дефинитивно ќе го задржиме во нашиот несесер.

3-top-10-bjuti-trendovi-koi-ja-odbelezhaa-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_

3. Темни мат кармини

Најверојатно и самите забележавте дека многу девојки започнаа да носат темни кармини и тоа во разни бои и варијанти. Освен тоа, еден од главните трендови во оваа година се мат, а не сјајните кармини. Меѓутоа, без разлика колку многу ги сакаме, и колку уживаме во полните, мат, темни усни, шминкерите кажаа поразлично – мат кармините ги заменуваме за оние сјајните во новата 2017-та година.

4-top-10-bjuti-trendovi-koi-ja-odbelezhaa-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_

4. Кармини во неочекувани бои

Иако многумина од нас под кармини подразбираат само црвени, розови и нијанси во бојата на кожата, сепак 2016-та ни донесе некои неочекувани бои на кармини како што се црна, сина, зелена, виолетова, жолта… Но, дали овој „откачен“ тренд ќе се задржи и во 2017-та година, ќе видиме. Најверојатно тоа ќе зависи од девојка до девојка.

5-top-10-bjuti-trendovi-koi-ja-odbelezhaa-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_

5. Мејкап уметност

Шминката денес е многу повеќе од „само“ шминка. Таа е еден вид уметност, а многу девојки ни покажаа дека е потребно умешност за да се изведе беспрекорно. Мејкап уметност на очите или на усните, неверојатни мејкап трансформации… Многу работи видовме во текот на оваа година, а нешто од тоа и сме испробале. Па, ќе останеме да му се воодушевувавме на овој тренд и следната година.

6-top-10-bjuti-trendovi-koi-ja-odbelezhaa-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_
Преминете на следната страница за останатите 5 најпопуларни мејкап трендови од оваа година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар