Суровата вистина за чувствителните луѓе кои премногу размислуваат

Суровата вистина за чувствителните луѓе кои премногу размислуваат

Доколку премногу размислувате, сигурно премногу сериозно ги сфаќате туѓите мислења и се обидувате да разберете зошто луѓето го кажале тоа што го кажале. Ако истовремено имате и чувствително срце, тогаш најверојатно претераното размислување ве доведува до лудило, бидејќи се обидувате сѐ да анализирате без да звучите како лудаци.

Суровата вистина за чувствителните луѓе кои премногу размислуваат

Чувствителните луѓе кои премногу размислуваат сметаат дека светот е црно-бел. Не наоѓаат златна средина и не ги гледаат нијансите на сиво. Тие немаат половични чувства. Тие или прават сѐ или не прават ништо, или сакаат или мразат, или се навистина среќни или се навистина тажни.

Понекогаш оставаат впечаток на премногу напорни, премногу чувствителни, премногу нервозни и премногу романтични луѓе. Поради тоа, останатите ги игнорираат, а тоа може да ги направи многу тажно. Но, мора да сфатите дека не може сите да ве сакаат. Доколку не го разберете тоа, секогаш ќе се чувствувате како да не припаѓате никаде.

Чувствителните луѓе кои премногу размислуваат постојано се мачат да бидат присутни во животот, но најчесто не чувствуваат поврзаност со околината и луѓето што ги опкружуваат. Токму затоа, тие најмногу успеваат кога работат сами или изолирани од нивните рутини.

Поголемиот дел од времето копнеат по љубов, но не се осмелуваат да се вљубат. Нивното срце е нежно и надежно, па ако не ја добијат љубовта што ја барале, ќе се скршат на милион парчиња. Потоа, бегаат од светот бидејќи им треба време да заздрават, дури и да не се работело за сериозна врска.

Секогаш се обидуваат да го откријат скриеното значење на работите. Се обидуваат да ја пронајдат смислата на нивната болка, скршено срце, загуби и лекции што ги научиле. Тие не можат да живеат без да ги најдат одговорите на прашањата што ги мачат.

Тие имаат посебна врска со универзумот. Понекогаш чувствуваат дека се длабоко поврзани со силна и моќна врска, но понекогаш се чувствуваат толку далечни што мислат дека не го разбираат светот повеќе. Им се чини дека треба да се борат против целиот универзум, а тоа битка што не знаат како да ја добијат.

Чувствителните луѓе кои премногу размислуваат честопати не можат да заспијат навечер и страдаат од несоница, бидејќи креветот е местото каде што нивните најлоши мисли и стравови ги прогонуваат одеднаш. Таму почнуваат да се сомневаат во сето она што го кажале и направиле.

Меѓутоа чувствителните луѓе кои премногу размислуваат, поседуваат некои од најдобрите карактеристики во светот. Тие се талентирани, креативни и уникатни. Имаат неверојатен начин на размислување кој можеби нема да им се допадне на сите, но дефинитивно вреди да се чуе и разбере. Тие имаат висока емоционална интелигенција и токму затоа сите нивни врски, без разлика дали се љубовни или не, се длабоки и искрени.

Во продолжение, прочитајте ги 10-те супермоќи на пречувствителните луѓе кои ги издвојуваат од другите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар