10-те супермоќи на пречувствителните луѓе кои ги издвојуваат од другите

10-те супермоќи на пречувствителните луѓе кои ги издвојуваат од другите

Пречувствителните луѓе сочинуваат дури 20% од светското население. Со своите префинети сензори, тие го забележуваат тоа што на другите им побегнува, па нивниот свет е секогаш полн со живи бои, остри мириси, продорни звуци и силни емоционални надразнувања. Нивните длабоки чувства се понекогаш благослов, но понекогаш проклетство. Точно е дека секој е чувствителен до одредена мера, но пречувствителните луѓе ги доживуваат емоционалните искуства толку интензивно што тие започнуваат да им го обликуваат карактерот, социјалниот живот, блиските односи и работата.

10-те супермоќи на пречувствителните луѓе кои ги издвојуваат од другите

Научниците се обиделе да откријат зошто луѓето можат да бидат пречувствителни, а сите докази упатуваат на тврдењето дека тие едноставно така се раѓаат. Психологот Џереми Каган од Универзитетот Харвард, спровел едно истражување за детскиот темперамент и открил дека скоро 1/5 од децата се раѓаат со многу чувствителен нервен систем кој лесно се возбудува и вознемирува со новите искуства. Некои се особено осетливи на туѓите страдања, па решаваат да се занимаваат со хуманитарна работа, заштита на животните и зачувување на околината.

Многу од креативните луѓе се исто така пречувствителни и го насетуваат доаѓањето на културните промени уште пред тие да станат видливи за другите. Поради изразените способности да го осетат и разберат туѓото расположение, ним им е многу непријатно во присуство на некоја видно вознемирена личност, дури и ако не ја познаваат. Подеднакво се чувствителни и на пријатните дразби, па неочекуваните комплименти или срдечниот и љубезен разговор може да им го подигне расположението до небо.

Во продолжение следуваат 10-те супермоќи на пречувствителните луѓе кои ги издвојуваат од другите…

1. Способност да бидат преплавени со чувства за помалку од 60 секунди.

2. Неспособност да се „зацврстат“.

3. Способност да сфатат зошто луѓето нешто не разбираат.

4. Можат да бидат сами со часови или со денови, без да се чувствуваат осамено.

5. Кога велат дека знаат како се чувствувате, тоа го мислат буквално.

6. Смислата за чувствителните луѓе е тоа што спанаќот е за Попај.

7. Способност предлабоко да размислуваат за што било.

8. Способност да ги чујат внатрешните звуци кои другите воопшто не ги слушаат.

9. Не им паѓа на памет да работат нешто само заради парите.

10. Имаат силна интуиција која секогаш е точна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар