Справете се со вашиот неправеден шеф

Справувањето со шефот, кој е често некоректен и безобзирен за вашите чувства, без аргумент е стресно. Истражувањата покажуваат дека постои причинско-последична релација помеѓу стресот од работата и психолошките пореметувања и болести, вклучително депресија, кардиоваскуларни заболувања, мускулно-скелетни пореметувања, самоубиства, рак и слабеење на имунолошкиот систем.

Справете се со вашиот неправеден шеф

Не се обвинувајте себеси, не дозволувајте да ве совлада некоја болест и никако не посегнувајте по оружјето за да му се спротивставите на стресот и депресијата. Има посуптилни начини, само треба редовно да помислувате на нив.
.

Реагирање на вашиот неправеден шеф

Што треба да направите или кажете ако вашиот шеф ве третира поинаку?

Некоректните шефови често се служат со психолошки навреди. Тие знаат да намигнат и саркастично да се насмеат на вашите предлози за да биде јасно дека тие ја имаат моќта и дека вашите идеи за нив се шега.

Што друго некоректно прават шефовите?

  • Праќаат имејл со лични напади
  • Комуницираат со сарказам или задевање
  • Јавно ги понижуваат вработените на суптилни начини
  • Ги игнорираат вработените

Сите добри шефови понекогаш се однесуваат идиотски. Сепак, ако се чувствувате деморализирано секогаш кога ќе го сретнете вашиот претпоставен, веројатно се работи за неправеден шеф.

Справете се со вашиот неправеден шеф

Многу вработени, кога ќе се почувствуваат изиграно, нападнато или игнорирано од страна на нивниот претпоставен избираат да го оговараат пред другите колеги, да му враќаат со мали напади или да избегнуваат секаков контакт со него. Иако последново може да даде резултат на краток рок, долгорочно ќе заврши со пораз на своја сметка.

Наместо тоа, препорачуваме:

  • Развијте одредено ниво на емоционална оддалеченост.
  • Извојувајте мали победи докажувајќи се добро во повеќе задачи од помало значење.
  • Барајте поддршка – наместо со озборување, концентрирајте се на развивање позитивен однос со другите колеги.

Справете се со вашиот неправеден шеф

По дефиниција, шефовите имаат моќ врз вработените. Овие пак зависат од шефовите за информации, пристап, препораки, па и унапредувања. Но, ако вашата безбедност на работното место и вашите граѓански права се доведуваат во прашање, можеби е ред да преминете на следниот чекор.
.

Пријавување на неправеден шеф

Ако вашиот шеф се однесува некоректно, би требало да се обратите до личност одговорна за човечки ресурси во фирмата.

Но, претходно треба да се подготвите:

  • Ако сте се однесувале незадоволително како резултат на некоректниот третман од шефот, треба да си направите листа со сите инциденти и да бидете спремни да ги кажете доколку шефот го доведе во прашање вашето скорешно однесување.
  • Соберете докази – Чувајте ги електронските пораки во кои шефот ви се прави паметен и отворено покажува тенденција да ве иритира и фаќајте забелешки за ситуациите во кои сте биле објект во неправедна игра.
  • Подгответе пишана изјава, не подолга од една страна која ќе ги сумира сите ваши грижи.
  • Смирете се – Исчистете си ја главата и контролирајте ги емоциите пред да го нападнете шефот.

Пред да го обвините шефот во одделот за човечки ресурси, обидете се да разговарате со него лично. Кажете му што ве прави загрижени и дајте му шанса да изреагира. Заедно направете план за подобрување на ситуацијата и договорете се повторно да се сретнете, на пример за 30 дена, за да видите што сте постигнале.

Справете се со вашиот неправеден шеф

Доколку ова не успее, обратете се во одделот за човечки ресурси или, доколку се работи за помала фирма, до директниот претпоставен на вашиот шеф. Ќе бидете советувани за начините на кои можете да поднесете жалба.

Најчесто нема да има потреба да дојде до ова, но некои работни релации се тешки за излегување на крај. Дискриминирачки шеф или шеф кој не би се извинил за своето дрско однесување може да ја направи работната средина непријатна, но и опасна.

Како и да е, не си дозволувајте да ви се вжештува главата, бидете сталожени, водете евиденција за неправедностите и обратете му се на вашиот претпоставен на ведар, неборбен начин и ќе видите дека е возможно да се подобри дури и вака стресна и тешка ситуација.

Справете се со вашиот неправеден шеф

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Дарко Reply

    имам шеф кој не се извини за своето дрско однесување, не ги признаваше своите грешки, баравме петиција за да биде сменет од работното место, но ништо не помогна, сеуште е шеф и сеуште лечи комплекси. што да направиме

Остави коментар