Со 3 лесни вежби во море до тенок струк и цврст задник

Пливањето е ефикасна кардиоваскуларна активност, преку која многу брзо се согоруваат калориите и која не создава притисок на зглобовите. Меѓутоа, доколку не сте љубител на пливањето или едноставно сакате со други вежби да го збогатите вашето фитнес секојдневие додека сте на плажа, тогаш ви ги претставуваме следниве 3 едноставни вежби.

(1) Со 3 лесни вежби во море до тенок струк и цврст задник

Сите вежби можете да ги изведувате одеднаш во интервали, а подредете ги онака како вам најмногу ви одговара. Сетот вежби, пред сè е наменет за струкот и ќе ви помогне да дојдете до убаво оформени стомачни мускули, но одлично делуваат и на останатиот дел од телото, затоа што водата дава отпор и ги активира сите мускули.

1. Лажни стомачни вежби

Легнете во плиткиот дел од морето, така што главата ќе ви биде над водата, а делот од телото од рамениците надолу, ќе ви биде под неа. Подлогата не мора да биде рамна, а малиот пад надолу нема да ѝ пречи на вежбата. Рацете ставете ги покрај телото и исправете ги нозете. Потоа истовремено држете ги рамно испружените нозе и торзото, а рацете поставете ги во положба како да сакате да ги допрете прстите на нозете. Повторете го ова 10 пати.

2. Склекови во вода

Застанете исправено во вода која треба да достигнува до вашите бедра. Испружете ги двете раце пред себе и клекнете. Повторете го и ова 10 пати.

3. Подводен велосипед

Застанете во вода, чиешто ниво ќе биде речиси до вашиот врат и со нозете имитирајте возење велосипед. Работете ја оваа вежба една минута.

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар