Шалот како моден додаток за мажи во 10 различни стилови на врзување

Покрај неопходната топлина во студените зимски денови, шалот може да претставува и одличен моден додаток, доколку се комбинира на правиот начин. Еве десет машки модни комбинации со шал, кои сигурно ќе го подобрат вашиот стил.

Еднаш врзан околу врат

Ова е наједноставниот начин да се врзе шалот. Оди и со спортска комбинација, но најдобро изгледа со сако или капут.

Шалот како моден додаток за мажи во 10 различни стилови на врзување

Париско врзување

Ваквиот начин на врзување на шалот најдобро изгледа во комбинација со кожна јакна или некоја друга кратка јакна. Кога е премногу студено можете да го ставите шалот во јакната, да го закопчате патентот до горе и да ги затворите сите влезови на студот.

Шалот како моден додаток за мажи во 10 различни стилови на врзување

Два пати замотан околу врат

Кога немате јака да ви помогне во заштитата од студот, двојното врзување на шалот околу вратот е вистинскиот избор. За ова ви е потребен подолг шал, кој можете да го носите врз јакната или да го пикнете во неа и да се закопчате. Можете да го комбинирате со секаква облека, битно е само да немате голема јака, затоа што му е потребен поголем простор.

Шалот како моден додаток за мажи во 10 различни стилови на врзување

Еднаш замотан околу врат

Кога сакате да оставите моден впечаток со шалот, ова е најдобриот избор. Комбинирајте го со зимска спортска јакна за авантуристички изглед или со мантил за разуздан стил.

Шалот како моден додаток за мажи во 10 различни стилови на врзување

Погледнете и други шик начини за врзување на вашиот шал, со кои ќе ви биде топло и истовремено ќе изгледате модерно:

Шалот како моден додаток за мажи во 10 различни стилови на врзувањеШалот како моден додаток за мажи во 10 различни стилови на врзувањеШалот како моден додаток за мажи во 10 различни стилови на врзувањеШалот како моден додаток за мажи во 10 различни стилови на врзувањеШалот како моден додаток за мажи во 10 различни стилови на врзувањеШалот како моден додаток за мажи во 10 различни стилови на врзување

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар