Вкусно пролетно уживање: 5 рецепти за неодоливи смудиња

Во врелите и спарни денови кои доаѓаат вистинска среќа е да пронајдете начин како да се разладите. Смудито е ладна, лесна и здрава напивка која се подготвува за неколку минути, а спојот на вкусовите, на овие пет начини веднаш ќе ве одведат на некои далечни тропски плажи. Базата на смудињата нека бидат протеинските напивки и јогурти кои ќе ве држат сити подолго време. Сите наведени смудиња содржат состојки кои не се тешки за наоѓање, па не ви преостанува ништо друго освен подготвени да ја дочекате жешката сезона.

1-proletno-vkusno-uzhivanje-5-recepti-za-neodolivi-smudinja-www.kafepauza.mk_

1. Чоколадно овошно смуди

За подготовка на ова смуди ќе ви биде потребен еден портокал, протеинска млечна напивка со вкус на чоколадо, смрзнат сок од портокал, четири коцки мраз и овесни снегулки. Во блендер додајте 120 милилитри од чоколадниот пијалак, излупениот и исечкан портокал, 60 милилитри смрзнат сок од портокал и 120 грама овесни снегулки. Овесните снегулки ќе омекнат заради млечната напивка, а портокалот на ова чоколадно смуди ќе му ја даде потребната свежина. Откако ќе ги измешате сите состојки, во чашата додајте парчиња мраз и вашето смуди е подготвено за послужување.

2-proletno-vkusno-uzhivanje-5-recepti-za-neodolivi-smudinja-www.kafepauza.mk_

2. Свежо смуди со манго

Во 200 милилитри протеинска напивка со вкус на ванила додајте две исечкани манга, секако без семки. Занимлив вкус ќе создаде и циметот во прав, а за малку покисела нота додајте и сок од половина лимон. Измешајте ги сите состојки и послужете во добро смрзнати стаклени чаши.

3-proletno-vkusno-uzhivanje-5-recepti-za-neodolivi-smudinja-www.kafepauza.mk_

3. Виолетово смуди

Пред подготовката на ова смуди ќе ви бидат потребни смрзнати боровинки. Во блендерот ставете протеинска млечна напивка со вкус на банана, 60 грама смрзнати боровинки и две лажици мед. Предностите на боровинките се многубројни – ги чуваат коските, срцето, го регулираат шеќерот во крвта, а содржат и хранливи влакна кои го поттикнуваат варењето и благотворно делуваат на цревната флора.

4-proletno-vkusno-uzhivanje-5-recepti-za-neodolivi-smudinja-www.kafepauza.mk_

4. Тропско смуди со зеленчук

Протеинскиот јогурт со вкус на тропско овошје и ѓумбир совршено ќе се спои со свежиот кељ. За да не ви недостига благо во вашата вистинска енергетска напивка додајте и една банана. Во блендерот измешајте 200 грама свеж кељ во листови со 100 милилитри јогурт. За дополнителна свежина додајте исцеден лимонов сок и здробен мраз. Додајте вода доколку сакате да го разредите ова густо смуди.

5-proletno-vkusno-uzhivanje-5-recepti-za-neodolivi-smudinja-www.kafepauza.mk_

5. Слатко-кисело смуди

За 5 минути можете да создадете совршена овошна експлозија на вкусови. Потребно ви е 60 милилитри протеински јогурт со вкус на јагода и црвено овошје, едно излупено киви, една лажичка мед и коцки мраз. Сите состојки ставете ги во блендер и измешајте ги. Слатко-киселото смуди е готово за само 5 минути.

6-proletno-vkusno-uzhivanje-5-recepti-za-neodolivi-smudinja-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар