Природни веѓи, синило и безбојни усни: Водечки бјути трендови за лето 2017

Веќе зборувавме за најголемите модни трендови што нè очекуваат за ова лето, но дали знаете кои бјути трендови ќе бидат висински хит оваа сезона? Ако вашиот одговор е негативен или не сте сигурни, ние сме овде за да ги решиме сите ваши дилеми.

1-prirodni-vegji-sinilo-i-bezbojni-usni-vodechki-bjuti-trendovi-za-leto-2017-www.kafepauza.mk_

1. Природни веѓи

Да, ова е далеку од она со што е преплавен Инстаграм. Но сепак веѓите што се нежно пополнети, природни и меки, исчешлани нагоре и зацврстени со проѕирен гел доминираат во новите летни бјути трендови.

2-prirodni-vegji-sinilo-i-bezbojni-usni-vodechki-bjuti-trendovi-za-leto-2017-www.kafepauza.mk_

2. Природен изглед

Одберете што е можно полесна и поприродна шминка. Ова е една позитивна промена во бјути трендовите кои ги гледавме на Инстаграм досега. Заборавете на тешките пудри и контурирањето, односно истакнете ја вашата природна убавина.

3-prirodni-vegji-sinilo-i-bezbojni-usni-vodechki-bjuti-trendovi-za-leto-2017-www.kafepauza.mk_

3. Сина сенка за очи

Ова лето се враќаме во добрите, стари времиња на 80-тите години, кога сината сенка за очи беше вистински хит. Потоа, за неа биеше лош глас, но како што сите трендови се враќаат, така и таа се врати на бјути сцената. Но, постои едно правило – ако сакате правилно да ја носите сината сенка и да го освежите лицето со неа, нека вашиот тен биде беспрекорен, а остатокот од шминката минималистички.

4-prirodni-vegji-sinilo-i-bezbojni-usni-vodechki-bjuti-trendovi-za-leto-2017-www.kafepauza.mk_

4. Никакви контури, само стробинг

Кланот Кардашијан ова лето нема да биде во мода, бидејќи конечно контурите заминаа во минатото. Бјути експертите за ова лето избираат минимализам, стробинг, хајлајтер на стратешките точки на лицето, односно на оние кои сакате да ги истакнете.

5-prirodni-vegji-sinilo-i-bezbojni-usni-vodechki-bjuti-trendovi-za-leto-2017-www.kafepauza.mk_

5. Безбојни усни

Иако веруваме дека летото е најидеалното време за испробување кармини во интересни нијанси, особено кога ќе фатите малку боја, бјути експертите оваа сезона сепак им даваат предност на безбојните усни и полниот волумен. Во тоа ќе ви помогне нежниот молив за усни и сенка во идентична боја или проѕирен сјај.

6-prirodni-vegji-sinilo-i-bezbojni-usni-vodechki-bjuti-trendovi-za-leto-2017-www.kafepauza.mk_

6. Лакирање на работ на ноктите

Како да го направите тоа? Лакирајте ги сите нокти во некоја боја, бела, розова, проѕирна, а потоа само работ на нокотот украсете го со друга боја или светки. Најпопуларни бои за рабовите се секако, златната и сребрената, но нема да погрешите ниту со некоја друга нијанса.

7-prirodni-vegji-sinilo-i-bezbojni-usni-vodechki-bjuti-trendovi-za-leto-2017-www.kafepauza.mk_

7. Вселенски пунџи

Овие пунџи ги освојуваат срцата на многубројни жени, а станува збор за две балерински пунџи кои се наоѓаат на врвот на главата, додека остатокот од косата може слободно да паѓа или да биде собран. За оваа фризура како инспирација служи принцезата Леа, а оваа фризура секако ќе биде забележана на разни летни фестивали, како и на плажи.

8-prirodni-vegji-sinilo-i-bezbojni-usni-vodechki-bjuti-trendovi-za-leto-2017-www.kafepauza.mk_

Доколку сте ги пропуштиле, тогаш потсетете се на најголемите водечки модни трендови за ова лето.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар