10 најпопуларни летни трендови што ќе ги гледате насекаде

Летото сѐ уште не започнало, а веќе е јасно кои ќе бидат најголемите трендови за ова годишно време. Благодарение на социјалните мрежи, ја создадовме оваа листа од 10 парчиња облека, кои веќе се наоѓаат во гардероберите на многубројни жени, а мораме да признаеме и дека некои од нив навистина нè изненадија.

1-10-najpopularni-letni-trendovi-koi-kje-gi-gledate-nasekade-www.kafepauza.mk_

1. Овални очила за сонце

Очилата за сонце со ваква рамка се враќаат од 60-тите години на големата врата. Со овој облик на очила за сонце ќе изгледате тренди и што е најважно, ќе бидете заштитени од сончевите зраци.

2-10-najpopularni-letni-trendovi-koi-kje-gi-gledate-nasekade-www.kafepauza.mk_

2. Плетени чанти

Чантите изработени од природни материјали како што се трска, платно или конап се идеален додаток на секоја летна модна комбинација и секако ќе бидат сеприсутни. Но, тие воопшто не се обични во текот на оваа година, туку се украсени со иницијали, пом-пом топчиња, реси, чипка, долги или кратки рачки, со различни бои и големини. Исто така носат по песочните плажи, но и по градскиот асфалт.

3-10-najpopularni-letni-trendovi-koi-kje-gi-gledate-nasekade-www.kafepauza.mk_

3. Чанти околу струкот

Да, овие чанти се враќаат на големата врата, а кој е повторно заслужен за нивното враќање? Кендал Џенер, која не се одвојува од своите модели.

4-10-najpopularni-letni-trendovi-koi-kje-gi-gledate-nasekade-www.kafepauza.mk_

4. Костим за капење со врзување

Без разлика дали ќе изберете едноделен костим за капење или бикини, важно е тие да можат да се врзуваат. Веќе можеме да забележиме дека секој бренд во својата понуда за лето има барем еден костим за капење со врвки.

5-10-najpopularni-letni-trendovi-koi-kje-gi-gledate-nasekade-www.kafepauza.mk_

5. Едноделен костим за капење

Ова лето заборавете на бикините, бидејќи на модниот трон се наоѓаат едноделните костими за капење, кои ги прославија манекенките, како што се Кендал Џенер и Бела Хадид.

6-10-najpopularni-letni-trendovi-koi-kje-gi-gledate-nasekade-www.kafepauza.mk_

6. Коцки

Мали квадратчиња, особено во црна, сина и црвена боја, завладеаја со сите парчиња облека – од панталони и здолништа, па сѐ до фустани и блузи. Класичен дезен кој наликува на трпезариска покривка, но сепак привлекува големо внимание. Пинтерест открива дека овој дезен се пребарувал двојно повеќе од минатата година.

7-10-najpopularni-letni-trendovi-koi-kje-gi-gledate-nasekade-www.kafepauza.mk_

7. Тексас здолништа

Кратки, до колена, долги… Не е воопшто важно, само да бидат изработени од тексас, а секако најпопуларни ќе бидат оние со реси кои изгледаат како самите да сте ги исекле.

8-10-najpopularni-letni-trendovi-koi-kje-gi-gledate-nasekade-www.kafepauza.mk_

8. Хавајски кошули

Во последните месец дена овој поим го пребарале повеќе од 180.000 жени, а доколку не сакате да трошите пари, ѕирнете во неговиот гардеробер, можеби таму веќе се наоѓа некоја хавајска кошула што би можеле да ја искористите и за вас.

9-10-najpopularni-letni-trendovi-koi-kje-gi-gledate-nasekade-www.kafepauza.mk_

9. Рамни сандали

Составен дел од секоја летна модна комбинација се рамните сандали, а ова лето се во тренд оние кои се украсени на разни начини – со реси, панделки, циркони, пом-пом топчиња, пердуви и слично.

10-10-najpopularni-letni-trendovi-koi-kje-gi-gledate-nasekade-www.kafepauza.mk_

10. Розова боја

Таа е клучната за летната сезона и не е резервирана само за жените, туку и за мажите. Освен во модниот свет, оваа боја е хит и во светот на убавината, но и во уредувањето на домот.

11-10-najpopularni-letni-trendovi-koi-kje-gi-gledate-nasekade-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар