Посвојувањето куче во неговите последни часови можеби беше најдобрата одлука во мојот живот...

Посвојувањето куче во неговите последни часови можеби беше најдобрата одлука во мојот живот…

Тој петок отидов на роденденската забава на Џил Зарин со мојот пријател Сем Лански со кој имавме длабок разговор за тоа каков вид животно би требало да си земам за во мојот нов стан.Посвојувањето куче во неговите последни часови можеби беше најдобрата одлука во мојот живот...„Сакам куче“, му реков. „Но, не сум сигурна дали ќе можам да си дозволам. Па затоа размислувам за мачка.“

„Само биди внимателна“, рече тој. „Ако земеш мачка, можеби ќе живееш сама до крајот на твојот живот.“

„Господе“, реков јас смеејќи се. „Тоа не е вистина.“

„Навистина?“ ми рече тој. „Кажи ми една жена или маж кои посвоиле мачка и потоа запознале некој во својот живот.“

„Ха. Не можам“, реков јас.

„Токму така“, рече Сем. „Ако земеш мачка, се случува нешто што станува самоисполнувачко пророштво. Тоа ти е наука.“

„Но, што ако мојата мачка се вика Омажи се за мене?“ го запрашав.

„Па, тоа би можело да успее“, ми рече тој.

Таа вечер се вратив дома и размислував за една пријателка која всушност запозна одличен тип, а претходно чуваше мачка и му пишав порака на Сем за неговата таканаречена „наука“ и потоа го отворив мојот месечен буџет. Откога знам за себе сакам куче. Кога бев дете, на околу 8-годишна возраст, имав направено план да го тргнам тепихот од мојата соба, да го заменам со земја и тајно да посвојам куче, без да им кажам на моите родители. Никогаш немав храброст да го сторам тоа, но сепак имав навика со моите пари за џепарлак да купувам мачки и да ги внесувам дома преку мојот прозор. Моите родители ми дозволуваа да ги чувам, сè додека ситуацијата не стана апсурдна по мачката број 4.

Сега кога сум возрасна, сфатив дека можеби би можела да ги остварам моите 8-годишни сонови. Сè што си размислував додека живеев во Сан Диего и спиев со кучето-водич на татко ми секоја вечер, беше дека едвај чекам да имам мое куче. Па, затоа поминав низ мојот месечен приход и пресметав колку би ме чинело за дневно чување на кучето, храна, трошоци за ветеринар и слично и тогаш сфатив дека би било мошне исплатливо. Бев решена да го сторам тоа.

Напишав статус на моите профили на Твитер и Фејсбук во 23 часот истата вечер кој гласеше, „Дојдов до многу важна одлука. Ќе посвојам куче. Сега преостанува само уште да решам каков вид.“ Почнаа да надоаѓаат многу предлози, но тогаш мојата пријателка Денис Бургер ми пиша: „Менди, ако сакаш овој чекор да го направиш во брзо време – како на пример, веднаш — размисли за ова куче. Тој ќе биде уништен утре ако никој не го посвои.“Посвојувањето куче во неговите последни часови можеби беше најдобрата одлука во мојот живот...Јас сум голем верник во судбина, синхронизираност и непостоење на случајности. Кликнав на профилот на кучето, кој бил споделен повеќе од илјада пати од веб-сајт наречен „Urgent Pets on Death Row“ и навистина пишуваше дека ова 18-месечно кученце мешанец ќе биде погубен ако никој не го посвои. Во минатото ова се случувало уште во утринските часови во организацијата Животинска грижа и контрола, и бидејќи немав време за губење поднесов депозит неколку минути пред полноќ за да можам да го посвојам наредниот ден.

Кога се упатив накај локацијата во Бруклин наредното утро во сабота, собата за чекање беше преполна со мачки кои биле земени од домовите на постари сопственици или спасени од ураганот Сенди и отидов напред за да бидам сигурна дека Самсунг е навистина безбеден и дека не настанала никаква ужасна грешка каде што тој би бил успан и покрај моето барање за посвојување. Тие ме осигураа дека е безбеден, но дека ќе треба да почекам неколку часа за целата процедура.

Додека седев и чекав се обидував да не му дозволам на моето срце да се крши од сите слатки мачки околу мене кои очајно сакаа свои сопственици. (Кучињата ги чуваа позади, подалеку од собата за чекање.) Ве молам, ако размислувате да посвоите животно, одете во засолниште. Спасете живот. Овие животни се толку скапоцени и полни со љубов. Тие заслужуваат живот и вие можете тоа да им го овозможите.Посвојувањето куче во неговите последни часови можеби беше најдобрата одлука во мојот живот...„Сите се надевавме дека ќе дојдете!“ – ми рече еден од волонтерите додека го бараше бројот за идентификација на Самсунг и додека ги пополнував документите за посвојување ме прашуваше нешта како дали би го напуштила ако остари или ако се разболи. Не, не, не.

Кога волонтерот Елиса Лафонт ми го донесе Самсунг, таа зрачеше.

„Ова е многу посебно куче“, ми рече таа. „Многу ми е мило што дојдовте.“

Елиса дошла од Лонг Ајленд за да волонтира во засолништа и да им ги овозможува потребните љубов и внимание на животните, како и да помогне при спасување на оние кои се на ред за „смртната листа“. Причината поради која Самсунг се нашол на оваа листа, како што многу често се случува во засолништата, беше неговата болест. Тој имал кучешка кашлица и бидејќи Животинска грижа и контрола е ограничена во простор и ги прифаќа буквално сите животни, тие не можат да бидат засолниште кое не убива. Болеста на Самсунг придонела тој да стане дел од „листата за евтаназија“ и покрај тоа што никој не сакал тој да заврши таму. Освен неговата кашлица која може да биде излечена со антибиотици, тој е навистина здраво, среќно и полно со љубов куче.

Елиса подоцна ми рече, „Чудното нешто е што за малку немаше да дојдам тука во сабота. Не бев во добро расположение и поради тоа не бев сигурна. Но, кога видов дека Сем се наоѓа на листата знаев дека треба да одам, во случај да не можам никогаш повеќе да го видам. И тогаш видов дека тој бил резервиран за посвојување и навистина ми олесна. Кога седевме на нашето место за гушкање му велев дека давам сè од себе, дека ќе се погрижам да излезе од таму и дека постојано се молам. Го замолив да издржи уште малку.“

Веднаш откако Елиса го донесе можев да забележам колку е посебен.

„Ова е твојата нова мајка“, му рече таа. „Таа го спаси твојот живот Самсунг.“ Елиса му подари посебно Снупи синџирче за да го носи за време на возењето со такси до дома.

Тој знае како да направи „Шепа,“ „Седи“ и „Стој“ и ќе те лиже за да ти покаже благодарност. Кога пристигна автомобилот кој требаше да нè врати во Менхетен, тој се смести под седиштето и трпеливо гледаше во мене. Таа вечер требаше да биде моето прво преноќување во моето ново студио и моето ново куче да ми прави друштво.Посвојувањето куче во неговите последни часови можеби беше најдобрата одлука во мојот живот...Му наместив храна и вода во пластични садови и потоа му покажав дека му е дозволено да дојде на креветот до мене. Не планирав да заспијам во 20:30 часот, но како што тој се намести до мене и ја стави својата шепа на мојата рака, токму тоа и го направив. Моите чизми и јакна сè уште беа на мене и наредното утро се разбудив во 6 часот. Самсунг се припи до мене, ме лизна и почна да ме набљудува со неговите слатки очи исполнети со душа.

„Сè уште си малку болен Самсунг“, му реков. „Но ќе ти биде подобро. Не се откажувам од тебе.“

Тој ја потпре неговата глава до моите гради и тогаш за првпат можев да го почувствувам неговото срце како чука веднаш до моето…


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар